Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градежниците подготвени да инвестираат милијарда евра, Бочварски вети забрзување на постапките за проектите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Градежниците подготвени да инвестираат милијарда евра, Бочварски вети забрзување на постапките за проектите
Агровести

Градежниците подготвени да инвестираат милијарда евра, Бочварски вети забрзување на постапките за проектите

Објавено 08/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Градежните компании се подготвени да инвестираат милијарда евра во наредните три години, но од властите, централната и локална, бараат тоа да им се овозможи, да се донесат новите урбанистички планови кои се во изработка и да се тргнат мораториумите за градење.

Претседателот на Градежната комора Ивица Јаќимовски, по денешната средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, рече дека проектите за инвестирање на компаниите се подготвени. Бизнисот сака да помогне во овие услови на криза што ги наметна Ковид, сака да поттикне раздвижување на економијата преку реалзирање на планираните активности

– Подготвени сме да финансираме во време на криза и како компании преземаме чекор. Нудиме во наредните три години да инвестираме една милијарда евра во секторот градежништво. Преземаме обврска да инвестираме во проекти кои веќе постојат и ги имаме како компании, но бараме од страна на власта, централната и локалната, да преземе конкретни мерки за да можеме да ги реализираме  проектите, истакна Јаќимовски.

Според Бочвраски, државата е подготвена за забрзување на сите постапки за да може да се реализираат инвестиците на градежниците.

– Сите закони што се спорни и сите подзаконски акти каде треба да има промени отворени сме да ги разговараме со коморите со цел да се забрзаат постапките. Влегуваме во акција заедно градежната комора и сите стопански субјекти што се подготвени да инвестираат,  а од наша страна ќе ги преземем сите чекори за олеснување и за што побрзо стартување со инвестици, изјави Бочварски. Имаме, потенцираше тој, разработено концепт за стратешки инвестиции

. – Сега е момент да ја подигнеме реализацијата на капиталните инвестиции. Тие имаат влијание во време на ковид. Сега е време за акција и работа, а не за политики. Ги правиме законски промени за да ја олесниме постапката за  продлжување на изградбата на автопатоите, водоводите и други проекти, рече Бочварски.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот рече дека се реализирани 55 проценти од автопатот Кичево-Охрид според проектите по препроектирањето, што, пак, ќе повлече одложување на рокот за изградба што беше планиран за следната година.
МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварскиградежниципостапкипроекти
Претходен напис Економскиот инвестициски план потврда за посветеноста на Брисел да го зајакне процесот на проширување
Следен напис `Рж – житарица која има добар потенцијал и може да донесе профит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?