Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лешници со постојан принос и висок квалитет на плодот!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Лешници со постојан принос и висок квалитет на плодот!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производство

Лешници со постојан принос и висок квалитет на плодот!

Објавено 02/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европските лешници  се едни од главните култури кои имаат ваков  тип на плодови и петта во светот по важност после индиските ореви, бадемите, кикириките и костените. Турција долги години е водечки производител на лешници со дури 71% учество во светското производство. Веднаш по неа следат Италија, САД и Шпанија, Азербејџан, Иран, Грузија, Кина, Франција и Грција.

Постојат многу сорти на лешници, а меѓу нив една посебно се издвојува. Тоа е сортата „Tonda di Giffoni“ која во последно време е особено ценета.

„Tonda di Giffoni“ е една од најценетите сорти на италијански лешник во прехрамбената индустрија, а поради овалните плодови и извонредниот квалитет на обработка има ознака за заштитено географско потекло од страна на Европската унија.

Во Италија дури 69.685 хектари се насадени со лешници, со просек на годишно производство од 121.750 тони лешници во лушпа. Четири региони, сочинуваат 98% од националното производство: Кампанија, Лацио, Пијемонт и Сицилија, а Кампанија произведува околу една третина од националното производство.

Други сорти на лешници  кои преовладуваат и се користат во индустријата за храна се „Mortarella“ (38%) и „San Giovanni“ (37%), заедно со „Tonda di Giffoni“ (12%), чие производство е ограничено на провинцијата Салерно во Јужна Италија. Меѓутоа „Tonda di Giffoni“ е  една од најценетите италиајнски сорти која се користи во прехрамбената индустрија, поради својот квалитет при обработката.

Основните карактеристики на оваа сорта се одличниот изглед на зрното, високиот квалитет, постојаниот принос и отпорноста на патогени и штетници.

Сортата „Tonda di Giffoni“ е отпорна на студ и може да се режи во форма на дрво или како џиновска грмушка. Станува збор за  сорта која рано цвета, со среден период на созревање, висока бујност и одлична способност на отстранување на покожичката.

Дури 90%  од родот на лешници во целиот свет се лупи и се продава во зрно за прехрамбената индустрија, додека преостанатите 10% се продаваат за свежа консумација.

Лешникот се консумира во сирова состојба, бланширан или пржен. Исто така, се преработува за употреба во млечните производи, пекарството, во чоколадите и други кондиторски производи.

Станува збор за дар на природата, кој е многу здрав и благотворно делува на човечкиот организам.

Лешник содржи незаситени масни киселини кои се неопходни за човековото здравје. Тие го намалуваат нивото на хоелстерол во крвта и ги контролираат несаканите ефекти на хипертензија.

Исто така богати се со атокоферол кој го намалува ризикот од одредени хронични болести, како што се болести на срце, дијабетес тип 2, хипертензија, карцином, а може да се бори и против одредени негативни ефекти поврзани со стареењето.

Извор: Agromedia

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:Tonda di Giffoniлешницисорти на лешници
Претходен напис Заштита кај зелка, карфиол, брокула, спанаќ и рукола, од болести, штетници и плевели
Следен напис Од денеска, продорот на топол воздух од југ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?