Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита кај зелка, карфиол, брокула, спанаќ и рукола, од болести, штетници и плевели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита кај зелка, карфиол, брокула, спанаќ и рукола, од болести, штетници и плевели
Совети

Заштита кај зелка, карфиол, брокула, спанаќ и рукола, од болести, штетници и плевели

Објавено 01/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на есенскиот период во градинарското производство кај нас е актуелно производството на зелка, карфиол, брокула, како и спанаќ и рукола на отворено и во затворен простор. Како најзначаен проблем во производството на овие култури претставуваат причинителите на болести, штетните инсекти и плевели.

За сузбивање на широколисни плевели во овие култури го препорачуваме хербицидот LONTREL 100 (clopyralid). Тоа е селективен хербицид, кој се апсорбира преку листовите, а е ефикасен за сузбивање на голем број на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели и тоа: паламида, слачец, амброзиа, лобода, полски вртипоп, камилица, смрдливка, овчарска торбичка, татула, див домат, чичка, самоникнат сончоглед, галинсога, крстенец, полски млечен осот, чичак, киселец, граор,  и други. Во зелка, карфиол и брокула се применува после расадување од фенофаза 2 до 9 оформени листа, во спанаќ и рукола после 2 формирани листа, во маслодајна репа стадиум од 2 до 9 листа, во кромид, лук и праз во фенофаза од 2 до 4 листа, цвекло во фаза на 2 формирани листа до 30 % покриена површина со листови во доза од 1 L/ha. Исто така се применува и во стрнишни жита и пченка.

За сузбивање на широколисни плевели во зелка го препорачуваме и хeрбицидот LENTAGRAN (pyridat). Тоа е контактен хербицид кој се применува 2 до 3 недели после расадување на зелката, во доза од 2 kg/ha. Може да се примени и во сплит апликација (двократно), и тоа кога плевелите се во фаза на 1 до 2 листа во доза 1 kg/ha, и втора апликација после 10-14 дена од првата во доза од 1 kg/ha. LENTAGRAN се применува и во кромид, лук и праз после расадување, односно после никнење кога овие култури се произведуваат со директна сеидба, притоа плевелите најдобро е да се во стадиум од 2 до 4 листа. Исто така може да се примени и двократно, притоа плевелите треба да се во порана фаза од развојот, од котиледони до 2 вистински листа. Ефикасен е за сузбивање на обичен штир, лобода, див домат, абутилон, лепавец, полски вртипоп, троделен двозабец, мртва коприва, полско камено семе, овчарска торбичка, обична чадливка, татула, а на есен во фаза на 3 вистински листови ги контролира и влакнесто просо, крваво прстесто просо и мувари.

За сузбивање на причинителот на пламеница кај зелката, брокулата и карфиолот, како и за сузбивање на причинителот на пламеница на рукола (Bremia lactucae) го препорачуваме фунгцидот VALIS PLUS (valifenalate + bakar hidroxid + bakar oksihlorid) во доза од 2,5 kg/ha. За сузбивање на причинителот на црна дамкавост, сиво и бело гниење го препорачуваме фунгицидот SIGNUM 33 WG (pyraclostrbin + boscalid) во доза од 1 kg/ha.

Од штетните инсекти во производството на зелка, брокула и карфиол од најголемо значење се инсектите од редот на пеперутки, а тоа се големиот и малиот зелкар, зелковиот молец и зелкова совица. За сузбивање на овие штетници во зелката, карфиолот и брокулата препорачуваме примена на еден од инсектицидите: SPINTOR 240 SC (spinosad) во доза од 0,5 L/ha, CORAGEN 20 SC (chloranthraniliprol) во доза од 0,2 L/ha или ALVERDE (metaflumizone)  во доза од 1 L/ha. За сузбивање на лисните вошки и белокрилката го препорачуваме инсектицидот CLOSER 120 SC во доза 0,4 L/ha.

Подготвил: м-р Васко Манев

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:зелкакарфиолрукола
Претходен напис АХВ го достави Досието до ОИЕ за добивање статус – земја слободна од класична свинска чума
Следен напис Лешници со постојан принос и висок квалитет на плодот!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?