Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ, вети Хоџа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ, вети Хоџа
Агровести

Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ, вети Хоџа

Објавено 26/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот  30 отсто од висината на  субвенциите за основните мерки да се исплаќа  30  дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Во следните четири години ќе работиме на креирање на политики кои се во согласност со генералните обврски и насоки на државата за приспособување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки преку искористување на сите природни ресурси што ги нуди нашата држава, рече Хоџа при презентацијата на мандатното писмо. Вети дека ќе обезбедат услови за порентабилно земјоделско производство преку зголемување на  кофинансирањето на трошоците за набавка на  зелена нафта.

-Годинава државата  покрива 50 отсто од трошоците, а овој процент секоја година ќе се  зголемува и до крајот на 2024 година ќе биде 100 отсто субвенциониран, посочи Хоџа. Ќе го продолжиме, додаде, процесот на консолидација, односно опкрупнување на  земјоделското земјиште, ќе ги мотивираме младите земјоделци до 40 години да останат во земјоделството преку  доделување на грантови до 20.000 евра и ќе ја зголемиме поддршката за жени земјоделки до крајот на 2024 година.

-Ќе биде формиран Интервентен фонд во програмата за директни плаќања, а наш приоритет ќе  биде инвестирањето во инфраструктура на пасишта во јавно-приватно партнерство и градба на брани и системи за водоснабдување, потенцира Хоџа. Посочи дека нашата држава годинава се наоѓа во еден од најтешките пеироди пред,како што рече, најголемиот предизвик, справување со глобалната закана за здравјето на луѓето – вирусот Ковид-19.

-Но, покрај ризиците за здравјето на луѓето последиците од оваа глобална пандемија има економијата вклучувајќи го и земјоделството. Токму здравствената криза покажа  дека домашното производство  на  храна и земјоделски производи е најважно, нагласи Хоџа.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Арјанитмеркисубвенции
Претходен напис Хоџа: Правиме максимум за лозарите, ќе се откупи и грозјето со лош квалитет
Следен напис Околу 70% од произведената храна на глобално ниво, ја трошат луѓето во градовите: Како сите да се прехранат?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?