Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ја претстави својата нова иницијатива и новиот акционен план за зелените градови, што треба да помогне во трансформацијата на земјоделско-прехранбениот систем, намалување на гладот и подобрување на навиките во исхраната, во периодот после пандемијата.
Својот предлог го претставија виртуелно за време на 75-то Генерално собрание на ООН, а целиот проект беше наречен „Зелени градови за градење подобри цели на одржлив развој – нов силен потфат“.
„Со цел градовите да станат позелени, поотпорни и порегенеративни, треба да го преиспитаме начинот на кој ги дизајнираме и начинот на управување со урбаните и приградските области. Остануваат само десет години за да се постигнат целите на одржлив развој и треба подлабоко размислување и преобликување“, истакнал генералниот директор на ФАО Кју Донгју.
До 2030 година ќе се приклучат повеќе од 1000 градови
Светот станува сè поурбанизиран. Се проценува дека до 2050 година, 70% од светската популација ќе живее во градовите, а дури 90% од растот ќе се случи во Африка и Азија. Исто така, околу 70% од храната произведена во светот ќе ја консумираат жителите на градовите.
„Растот на населението и брзата урбанизација подразбират и прехрамбени промени и зголемена побарувачка за основните производи и услуги. На локалните власти им е се потешко да ги задоволат потребите, а пандемијата на COVID-19 наметна нови предизвици, како што се нарушувања во прехрамбениот сектор, губење на работни места и глобален пораз на гладот. Градовите трошат скоро 80 % од вкупната енергија во светот. Тие се одговорни за 70% од глобалниот отпад и произведуваат околу 70% од глобалните емисии поврзани со енергијата“, појасни Донгју.
Оваа иницијатива има за цел да ја подобри егзистенцијата и благосостојбата на урбаното население во најмалку 100 градови, односно во 15 големи и 45 мали и 40 предградија низ целиот свет во следните три години. Тие исто така сакаат да овозможат кон овој проект да се приклучат повеќе од 1.000 градови до 2030 година.
„ФАО ќе ја подобри својата работа со локалните и националните власти, градските совети, градоначалниците, приватниот сектор, академските институции и меѓународните организации и ќе се вклучи во работата на урбаните заедници, особено они со жени и со млади луѓе“, рече генералниот директор на ФАО.
Извор: Агроклуб
