Лутите пиперчиња можеме да ги подготвиме на многу различни начини, а меѓу другото за да можеме да ги користиме подолго време, можеме и да ги исушиме. Во продолжение прочитајте неколку практични свети за сушење на лути пиперчиња.
Лутите пиперчиња не се само вкусен зачин кој на секое јадење му даваат посебна арома, туку тие исто така се богати со нутритивни вредности и како такви се многу здрави. Нивната подготовка и употреба се разликува од вкус до вкус, но едно е сигурно – како и да се подготвуваат, лутите пиперчиња освојуваат со својот вкус.
Сушењето на лутите пиперчиња е се попопуларно, особено поради фактот дека може да се употребуваат како зачин во разни јадења. Рокот на траење на сушените пиперки е многу подолг отколку кај свежите, што ја поедноставува нивната употреба.
Како да исушите лути пиперчиња
За сушењето на пиперчињата да биде успешно, потребно ни е многу сонце и топлина. Имено без овие фактори не може да се дојде до правилно и успешно сушење на ниту еден друг зачин, па така ни на лутите пиперки. Пред самото сушење лутите пиперчиња не е потребно да се чистат, ниту пак да се отстрануваат семките.

Пиперчињата едноставно ги редиме на конец под агол од 45 степени, а на самиот крај на конецот поставуваме помало парче дрво, чачкалица или нешто слично со цел пиперчињата да не паднат од конецот. Внимавајте да не направите дупка во плодот бидејќи тоа би можело да биде влезно место за бактерии. Венецот закачете го на место кое не е многу на сонце и каде што струи воздухот. Како што ќе се сушат лутите пиперчиња, така и нивната боја ќе биде се потемна. Времето на сушење не може да се предвиди, но повеќето лути пиперчиња најчесто се сушат до еден месец.
Извор: Аgrosavjet.com
