Под слоганот „ Време е за вино “, во петокот на 18 септември во белградската Бетон Хала се одржа манифестацијата „Салон на женски вина“.
Манифестацијата за сите посетители беше отворена од 16 часот додека времето од 14 до 16 часот беше резервирано за новинарите, трговците и остатнатите професионалци од винскиот сектор.

Како што велат во здружението „Недела на женските вина “ кое воедно беше и организатор на овој Салон, бројот на жени во винскиот бизнис не е мал, а целта на оваа манифестација била токму промоцијата на жените во светот на виното.
– Кога станува збор за лозарството и производството на вино воопшто во светот, жените се помалку видливи за пошироката јавност, иако тие често играат една од клучните улоги во овој бизнис. Затоа „Салонот за женски вина“ е посветен на сите жени кои учествуваат во правењето на овој „нектар на Боговите“ во која било фаза од неговиот животен циклус: од создавање на нови сорти грозје, саден материјал, грижа во лозјето, преку производство, маркетинг и вински туризам. Сакаме да се фокусираме на секој од нив и да покажеме колку се важни, секоја во својот сегмент од бизнисот со вино – објасни Мирјана Максимовиќ, една од организаторите на настанот.
Извор: Вино & Фино
