Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: За грозјето под 18 малигани, дополнителни четири денари за да се преработи во дестилат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: За грозјето под 18 малигани, дополнителни четири денари за да се преработи во дестилат
АгровестиРастително производство

Хоџа: За грозјето под 18 малигани, дополнителни четири денари за да се преработи во дестилат

Објавено 19/09/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од грозјето „вранец“ кое нема да го откупат винариите, а е со полош квалитет поради лоши временски услови, ќе се прави алкохолен дестилат. Но, и сопствениците на тоа грозје ќе ги добијат предвидените субвенции од државата од два плус два денара. Дополнителната мерка, пак, поврзана со алкохолниот дестилат, ќе ја чини Владата речиси скоро два милиона евра.

Ова беше соопштено по денешната работна посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа во Кавадарци. Тој рече дека имал навистина добар состанок со Здружението на лозарите и претставници на дел од винарските визби.

-Ние синоќа до касно заедно со премиерот и економскиот тим во Владата ги разгледувавме сите можни опции како да се излезе во пресрет на оваа новонастаната ситуација со грозјето. Ние мора да изнајдеме решение во делот на тоа како да им се излезе во пресрет на лозарите, но секако имајќи го во предвид и интересот на винарските визби. Тука се мерките предложени досега, што значи тие четири денари субвенции за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката кон извозот на флаширано и наливно вино, која беше како супституција во транспортот. Исто така, и извозот на винско грозје до одредени количини што предвидуваше до 12 милиони килограми два денари, од 12 до 25 милиони килограми три денари и над 25 милиони килограми – четири денари, рече министерот.

Тој информираше дека денеска била претставена и новата мерка

. – Заради квалитетот на грозјето што има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни четири денари за тоа грозје чија намена нема да биде за вино, туку ќе биде друга намена како на пример дестилат или концентрат за сокови. Мислам дека веќе имаме решение, ќе се излезе во пресрет. Поголемиот дел од винарските визби кажаа дека можат да ги прифатат количините, соопшти министерот Хоџа.

На овој начин, според новата мерка, тие 4 денари ќе одат кај винаријата за да има интерес да го купи и преработи грозјето во дестилат или гроздов сок, а лозарот да ја добие договорената цена како за грозје наменето за вино и плус субвенциите кои веќе беа најавени од 4 денари за килограм грозје.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека околностите на годината што ги имаме и Ковид-19 ситуацијата, но и лошите атмосферски услови со големите дождови во втората половина на август, имаа лошо влијание, особено за сортата „вранец“, со слаби малигани или шеќерност на одредени места. -Онаа мерка што ја предложи Владата, два плус два денари додадени на откупната цена, е одлична мерка. Но дојдовме до официјални информации преку Инспекторатот и Министерството дека има доста количини од „вранец“, за кои нема договори со винарски визби. Во разговор со винарските визби увидовме дека тој „вранец“ е со полош квалитет, не само во малиганите, туку и кога станува збор за болести, кои произлегуваат од атмосферските влијанија, рече Јанчев. Министерот, нагласи, е два дена тука и по средбите со него и со заменик министерот Трајан Димковски, успеавме да изнајдeме решение, целокупната количина на „вранец“ која нема да биде откупена за вино, да се претвори во алкохолен дестилат во постоечки винарски визби. -Денеска успеавме со винарските визби да направиме заеднички состанок кој помина во добра атмосфера и со лозарите и со Министерството. Од утре Владата и Министерството треба да направат протоколи за таа работа, за да може од вторник да се отпочне со посебни пунктови за откупување на „вранец“ за посебна намена – алкохолен дестилат или концентрат за понатамошни намени, појасни Јанчев. Само, беше дециден Јанчев, да не му биде намената за вино на тој „вранец“. -Затоа што ако се претвори во вино, ќе има неквалитетно вино и затворање на пазарот на виното и би имале проблеми наредната година. Таа дополнителна мерка од речиси скоро два милиона евра која Владата ќе ја пружи директно за лозарите преку винарските визби, од големо значење е и мислам дека нема да остане грозје на нивите, вишокот ќе се откупи и ќе се преработи во алкохолен дестилат. Тоа е единствен начин каде што може ова грозје да се претвори во трајна суровина и да си најде понатамошна примена, а лозарите на некој начин да бидат задоволни со откупот на тоа грозје за алкохолен дестилат, за кое исто така си важи мерката два плус два денара субвенција по килограм грозје, рече Јанчев. свд/
Од грозјето „вранец“ кое нема да го откупат винариите, ќе се прави алкохолен дестилат | opserver.mk

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Претходен напис Стабилно и суво време – брзината на ветерот ќе се намали
Следен напис „Време е за вино“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?