Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, оствари средба со претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин. Неби Хоџа.

На средбата г-дин. Неби Хоџа ги презентираше проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат во приватните бизниси, особено во секторот земјоделство, барајќи да се направат реформи со кои ќе се овозможи рамноправен рурален развој.

Министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство г-дин. Арјанит Хоџа вети дека МЗШВ ке биде партнер во унапредувањето на сите процеси, како и унапредување на програмите за развој на земјоделството и агротуризамот, придонесувајќи во зајакнување на националните програми како и на ИПАРД програмата.
