Најскапото сирење во светот се произведува во Србија во „Специјалниот резерват на природата Засавица“ кај Сремска Митровица, и тоа од магарешко млеко.
Цената за еден килограм достигнува неверојатни 1.000 евра, а пред неколку години стигна информација дека за ова сирење во Лас Вегас се платени дури 3.000 долари за килограм, пренесува регионалната агенција RINA.

– „Први на Балканот отворивме фарма за молзни магарици и моментално имаме околу 250 грла, но само дел од нив может да дадат доволна количина на млеко дневно, а тоа е околу 200 милилитри“, изјави Слободан Симиќ, управник на Специјалниот резерват на природата Засавица.
Тој наведе дека за еден килограм сирење од магарешко млеко се потребни 25 литри млеко и дека ова сирењето многу тешко се произведува, бидејќи се се прави рачно. Инаку едно магаре дневно може да даде само 0,2 литра млеко, поради што ова сирење е толку многу скапо. Магарешкото млеко е скапо, а тоа значи дека е скапо и сирењето, а во вакви услови на оваа фарма годишно можат да се произведат околу 100 кг сирење.

– „Многумина се обидуваа да ја пронајдат формулата, бидејќи е многу тешко да се направи ова сирење поради самиот состав на млекото, но нашиот тим на стручњаци после испитувања кои траеа неколку години, успеа тоа да го направи. Тоа е и основната причината за неговата цена“, објаснува Симиќ.
Според преданијата на стариот Египет, Клеопатра користела токму магарешко млеко за одржување на убавината.
Извор: Блиц
