Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Разликата помеѓу праска и нектарина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Разликата помеѓу праска и нектарина
Растително производство

Разликата помеѓу праска и нектарина

Објавено 09/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Праски или нектарини, некои повеќе  ги сакаат едните, а некои другите. Некои сметаат дека праските се послатки и посочни, додека некој тоа го мисли за нектарините.

Разлика

Дали знаете која е главната разлика во овие овошја, освен кога станува збор за влакненцата?

Нектарината всушност е вид на праска. Во суштина, само еден мал рецесивен ген ја дели нектарината од тоа да биде праска.

Праските потекнуваат од Кина, каде ги одгледувале за комерцијални цели, додека во Северна Америка пристигнале кон крајот на 19 век.

Нектарините во Калифорнија  се одгледувале од 1940 година бидејќи имаат повеќе „месо“, во однос на претходните видови и за да бидат подостапни за пошироките маси.

Дали е важна разликата?

Кората на праските е прекриена со заштитен слој на влакненца и обично се отстранува  при подготовка на џем и подготовка на пити, бидејќи при варење или печење може да стане тврда.

Кората на нектарините е малку потенка и затоа е позгодна за правење на колачи, бидејќи нема потреба да се лупи.

Освен тоа навистина нема некоја поголема разлика. И праските и нектарините се вкусни и сочни, а сезоната им е во јули и август, иако можете да ги најдете во доцна пролет и рана есен. И едните и другите се подеднакво вкусни, без разлика дали се свежи или термички обработени. Она што им е исто така заедничко е семката.

И кај едните и кај другите, таа може да се зарие длабоко во месото, што малку ќе ви го отежне нејзиното отстранување, а може да биде и лабава и дури и сама да отпадне.

За која и да се одлучите, помирисајте ги за време на берењето – повкусното овошје би требало да има поинтензивен и посладок мирис. Зрелите праски се помеки на допир. Земете од оние со црвенкаста и кремасто бела или црвена боја и задолжително избегнувајте ги оние со зелена петелка, или оние кои на поедини места, станале кафеави поради нагмечување.

Извор: Objektiv.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:нектаринипраскиразликаразлика помеѓу праски и нектарини
Претходен напис Република Српска, забрани увоз на 17.700 килограми праски од Турција
Следен напис Добри садници, а не само ефтини садници, приоритет на Фарма Органика од Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?