Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работи во градината во септември: Не чека берба, складирање, подготовка на зимница и есенска сеидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Работи во градината во септември: Не чека берба, складирање, подготовка на зимница и есенска сеидба
Растително производствоСовети

Работи во градината во септември: Не чека берба, складирање, подготовка на зимница и есенска сеидба

Објавено 09/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зачекоривме во септември, наскоро ќе исчезнат летните горештини и се надеваме дека пријатните температури ќе овозможат да се направат престојните земјоделски активности. Треба да ги засукаме ракавите затоа што имаме уште многу работа. Дојде време за берба, складирање и подготовка на зимница, а ова е месецот во кој се сеат и се садат некои видови зеленчук.

Берење и подготовка на зимница

Сепак, пред да сееме нови видови, треба да го собереме она што останало во градината и да подготвиме зимница што ќе не зајакне за време на студените месеци. Така, на ред за вадење се компирите, морковите и магдоносот, кои треба добро да се исчистат, исушат и да се одделат расипаните, оштетените и оние со послаб квалитет и со можни симптоми на болест.

Интензивно се берат домати од кои се подготвува домата, како и пиперки и модри патлиџани за ајвар. Може да се бере и блитва, целер, цвекло, праз, зелка и слично. Тиквите се оставаат целосно да созреат со цел да се соберат одеднаш и да се чуваат што е можно подолго во текот на зимата. Ако сакаме да го продолжиме времето на берба на некои зеленчукови култури, можеме да ги покриеме со агротекстили или да направиме мали оранжерии.

Што се однесува до бербата на овошјето, веќе се зрели есенските сорти на јаболка и круши, потоа се барат лешници и ореви. Најдобро е овошјето да се бере и да се чува во дрвени гајби и слични кутии на темно и ладно место.

Од него можеме да подготвиме разни џемови, компоти, сокови и слично.

Стартува есенската сеидба на зеленчук

На некои видови зеленчук, веќе им е време  повторно да се сеат. Се сеат земјоделските култури  што се собираат  во доцна есен, но исто така и во текот на зимата и следната пролет. Во септември,  се сее зелена салата, блитва, а се сади и кромид и лук.

harvest of vegetables and fresh produce garden

На есен, повторно се сее ротквица, црна ротквица, рукола и спанаќ бидејќи тие не толерираат топлина и во текот на летото брзо се „претвораат“  во семе.

Има работа и во декоративниот дел од градината

Септември е шарен месец бидејќи многу цвеќиња обилно цветаат и после летните горештини. Но, за жал, не за долго, бидејќи ниските температури и мразот ќе ги уништат.

Што се однесува до декоративниот дел од градината, има многу работа. Соберете го семето од цвеќињата што сакате да ги зачувате, покрај тоа, можете да соберете и семе од зеленчук, од лековити и зачински билки. Имајте во предвид  дека семето може да биде носител на болести, затоа собирајте го само од здравите растенија.

Цветовите сè уште треба да се одржуваат, треба да се отстранат прецветаните, а особено кај повеќегодишните цвеќиња и кај розите.

Правила за прихранување 

Летните цвеќиња ќе цветаат и ќе бидат убави додека не се појават првите мразеви, па затоа прихранете ги, бидејќи колку подолго се засадени, толку повеќе хранливи материи ќе троши. Сепак, не правете го тоа со украсните дрвја, живата ограда и розите, бидејќи тие можат да пуштат млади ластари кои можат да бидат уништени од мразот.

До средината на октомври, летните цвеќиња треба да се откорнат, а градината да се ископа и да се подготви за садење нови цвеќиња на есен или пролет. Ако мразот ги уништи вашите летни цвеќиња, можете да засадите, на пример, зимски љубичици.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:берење плодовиградинаесенска сеидбаработи во септемврисептември
Претходен напис Претставен првиот паметен 5G трактор на водород
Следен напис Како да одлучите што е најдобро да произведувате на вашата фарма?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?