Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да одлучите што е најдобро да произведувате на вашата фарма?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Како да одлучите што е најдобро да произведувате на вашата фарма?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Како да одлучите што е најдобро да произведувате на вашата фарма?

Објавено 09/09/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многумина решаваат да започнат своја земјоделска приказна, иако никогаш предходно немале контакт со земјоделското производство. Некои тоа ќе го направат доброволно, поради сплет на околности, други пак поради обезбедување на егзистенција ќе бидат принудени да се занимаваат со земјоделство. Првата и основна дилема кај сите почетници е што да прават, во што да вложат пари и што е попрофитабилно – добиток или растително производство?

Првата грешка што не смее никако да се направи, бидејќи нема враќање назад, е тоа што уште  на почетокот се размислува каде и како инвестицијата ќе се врати побрзо и како да се заработат повеќе пари. Од суштинско значење е да се анализираат  приоритетните параметри, како што се: постојните расположиви ресурси, работната сила, анализата на пазарот, профитабилноста на производството. Секој почеток со кое било земјоделско производство, без претходна анализа на споменатите фактори, би значело целосен неуспех и загуба на инвестициите, особено за почетниците.

Со кои ресурси располагате?

Плодната почва е основа на секое земјоделско производство. Секоја идеја за кој било агробизнис, мора да започне со информации за достапното земјоделско земјиште, без разлика дали е во сопственост или изнајмено од други. Распложливата површина, анализата на почвата, типот на почвата, наклонот, соодветноста за одгледување, пристапните патишта, сето тоа влијае на одлуката што да се произведува.

Друг подеднакво важен ресурс е водата. Дали има пристап до вода за наводнување, река, поток, извор, бунар на планираната локација? Позицијата, локацијата на теренот, исто така е многу важна.  Треба да  се обрнете внимание на изложеноста на сонце, бидејќи светлината е подеднакво важна заедно со другите ресурси за одгледување  на растенија. Исто така, треба да се обезбедат и потребните земјоделски машини, помагала, објекти и други алатки потребни за одгледување на одредена култура. Ако станува збор за одгледување говеда, тогаш треба да се размисли како, од каде и каков вид на добиток да се набави?

Работна сила –  основа за планирање на производството

Секој вид на земјоделско производство бара одредена работна сила. Ако станува збор за помала површина, работната сила може да биде домашна. Ова се помали семејни бизниси кои одгледуваат зеленчук или млеко со две до три молзни грла во шталата. Доколку се планира поголемо производство, за што е потребна дополнителна работна сила, мора да се води сметка за вработување на сезонски работници.

Зголемувањето на обемот на работа бара дополнителна работна сила, но не само во полето, или во фармата. Секое производство бара добро менаџирање со цел производот да стигне до потрошувачот. Значи, станува збор за човечки ресурси потребни за организација, маркетинг и продажба. За разлика од другите ресурси што природата ни ги нуди бесплатно, ангажирањето работна сила бара дополнителни трошоци, што всушност представува една од анализите при планирање на производството. Дали работната сила составена од членовите на семејството може да биде доволна или е потребно да се вработат постојани или сезонски работници во однос на планираниот обем на производство, е основа на планирањето пред да се започне производниот процес.

Прво проверете дали постои пазар

Залудно е да се произведе нешто што  премногу тешко ќе го најде својот пат до крајниот потрошувач. Да се ​​започне производство на млеко, без услови за сопствена обработка и без  млекари во близина кои би биле потенцијални откупувачи на млекото, е инвестиција што нема покриеност на пазарот. Или да се одгледува бобичесто овошје, за кое нема загарантиран директен пласман на пазарите или во супермаркетите, без задруга или купувач со предходно склучен  договор исто така е бесмислено. Откако производот ќе се произведе на фармата или  во полето, клучен момент е начинот на кој ќе се пласира на пазарот.

Затоа, секој почетник во земјоделското производство мора да биде подготвен дека тој не е само производител, туку мора да биде добар трговец, економист и познавач на основните трендови на пазарот. Во самата првична идеја,  мора да се договори начинот на продажба, без разлика дали ќе биде продажба од куќен праг,продажба преку интернет платформа, на пазар или во кооперативен систем, со цел вложениот труд и работата да се исплатат.

Најлошото сценарио е да се произведуваат растителни култури или млеко, а при тоа се уште  да немате купувач. Биолошката природа на производот нема да го дозволи тоа. Секој ден складирање на стоки значи губење на квалитетот, а на крајот и пониска продажна цена или дури и без продажба.

Дали производството е рентабилно?

Овој сегмент на анализа на идејата за она што сакате да го направите во земјоделството, значи претворање на идејата во бројки. Секој резултат на анализата поголема од нула значи дека планираното производство има позитивно салдо и како такво е профитабилно. Во суштина, ова значи дека производната цена мора да биде пониска од продажната цена на производот.

За детална  анализа на планирано производство, пожелно е повторно пресметување на покриеноста на варијабилните трошоци. Само тогаш, по деталното истражување, кога почетник земјоделец ќе започне да инвестира и да развива идеја, се поставува прашањето, со кое производство може да се занимава?

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:земјоделци почетнициисплатливостмлади фармерирентабилностфарма
Претходен напис Работи во градината во септември: Не чека берба, складирање, подготовка на зимница и есенска сеидба
Следен напис Кравите уживаат во масажа и музика!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?