Звучи неверојатно, но функционира. Кравите на една фарма во Германија слушаат музика, а понекогаш можат да уживаат и во масажа.
Фармерот Риедигер Маркарт од регионот Schleswig Holstein во Северна Германија, е многу посветен во одгледувањето на добитокот.
„Неговите говеда уживаат во квалитетна музика, а кога тоа ќе го посакаат може да сметаат и на масажа“, пренесува Дојче Веле.

Последниве години во Германија стана тренд одгледувањето на добиток кој гарнатира квалитетно месо. Фармерите велат дека во време на криза, расите како јапонското говедо Wagyu, за германското сточарство представуваат „светло на крајот од тунелот“.
Имено, германските фармери, расата Wagyu ја открија неодамна. Затоа во Германија има моментално само 400 примероци од неа. Но, тоа ќе се промени, бидејќи производството на месото од овие животни е добра инвестиција. Еден килограм може да кошта дури 600 евра.
Овие крави имаат специјален третман. Искуствата на европските фармери ја потврдуваат тезата дека на животните им одговара музиката. Доколку говедата се помалку изложени на стрес, нивното месо е поквалитетно. За намалување на стресот придонесува и четкањето, што им доаѓа нешто како масажа на телото.

Дека станува збор за навистна исклучителна раса на говеда, зборува и податокот дека до Wagyu говедата е тешко да се дојде, бидејќи нивниот извоз од матичната земја – Јапонија, е забранет.
Аgroportal.hr
