Во Австралија е спроведена студија во која е откриено дека отровот на медоносните пчели ги уништува тешките клетки на ракот на дојката, а би можел да се користи и во комбинација со лековите за хемотерапија.
Истражувањето на Институтот за медицински истражувања „Harry Perkins“ на Универитетот на Западна Австралија покажало дека отровот на медоносните пчели брзо ги убива агресивните и тешко излечливи клетки на ракот на дојката, пишува абц. Спојот од отрови кој така делува се нарекува мелитин.

Членовите на тимот, предводен од младата научничка др. Ciara Duffy,открија дека отровот и неговата главна состојка мелитин не само што брзо предизвикуваат смрт на тројно негативниот карцином на дојка (TNBC) и HER2 клетките на ракот туку успеаа и да го постигнат во концентрации кои не им штетат на здравите клетки. Истражувањето исто така утврдило дека главната состојка на отровот во комбинација со постоечките хемотераписки лекови била извонредно делотворна во намалување на растот на туморот.
Пчелиниот отров се покажал многу моќен
Duffy се надева дека откритието би можело да доведе до развој на лечење на TNBC-a, кој го прави 10 до 15% поопасен од сите карциноми на дојка и за кои моментално не постојат клинички делотворни терапии.
– “Откривме дека отровот на медоносните пчели е многу делотворен во уништување на некои од овие агресивни клетки на ракот во концентрации кои не се толку штетни за здравите клетки“, вели др. Duffy.
Истражувањето покажало дека специфична концентрација на отровот би убил 100%од TNBC. Тоа е вид на рак на дојка во кој на површина на клетките на туморот не се присутни естрогенски и прогестеронски рецептори ниту е прекумерно изразен HER2 протеинот.
Затоа механизмите кои тој вид го поттикнуват на раст и делење воглавно се непознати и поради тоа тој тешко се лечи. Моментално нема клинички делотворни третмани за оваа форма на карцином, можностите за лечење се ограничени, а прогнозите често се лоши.

Мелитинот ги намалува клетките на ракот и влијае на нивното делење
– „Откривме дека мелитинот успева да ги уништи мембраните на клетките на ракот во рок од 60 минути“, вели др. Duffy. Напоменува и дека овој спој имал уште едно извонредно дејство – за само 20 минути значајно ги намалил неговите хемиски пораки на клетките, клучни за раст и нивно делење. Главниот научник на Западна Австралија, проф. Петер Клинкен, изјавил дека тоа е значаен развој на настаните, кој дава уште еден пример дека природа може да се користат за лечење на човечки болести.
Duffy сепак истакнува дека е ова само почеток и дека треба да се извршат уште истражувања за да се дојде до лек кој навистина ќе делува и нема да биде штетен за човечкото здравје.
Извор: Агроклуб
