Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неколку совети како да ги припремите вашите кучиња за есенските денови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Неколку совети како да ги припремите вашите кучиња за есенските денови
Совети

Неколку совети како да ги припремите вашите кучиња за есенските денови

Објавено 05/09/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Луѓето кои имаат кучиња, со нив се однесуваат како да се член на семејството, без разлика дали ги чуваат во станот како домашни миленици или ги чуваат во дворот како чувари. Грижата за овие животни е многу важна во текот на целата година, но во периодот на промена на сезоната многу е важно да го подготвите вашето куче за ладно време кое доаѓа.

Влакното на кучињата

Есента е време од годината кога кучињата се митарат и кога влакното им опаѓа, повеќе или помалку. За да го зачувате сјајот на влакното на вашето домашно милениче, многу е важно редовно да го одржувате.

„Кучињата што живеат во двор, исто како и кучињата што се чуваат дома, бараат нега. Сепак, селските кучиња бараат малку повеќе внимание, особено пред  да настапи постуденото време. Оние со кратко влакно, доволно е да ги четкате еднаш неделно, а кучињата со долго влакно треба да се чешлаат секој ден. Препорака до сопствениците е да се повторува четкањето неколку пати на ден во периодот на митарењето, а тоа особено важи за кучињата што живеат во дворот“, вели Милица Вујичиќ, одгледувач на кучиња од Нови Сад.

Опаѓањето на влакното обично се случува во пролет и есен најчесто кај кучињата што живеат надвор. За да ви биде  удобно и вас и на кучето, ставете го на некоја маса и започнете со четкање.

„Ако кучето има кратко влакно, препорачливо е да користите груба четка со која ќе го четкате внимателно и по целото тело во насока на растот на влакното, односно од главата кон опашката и од грбот кон стомакот, и при тоа не ги заборавајте шепите. Одржувањето на кучињата со подолго влакно, бара покомплексна опрема, како што е чешел за расчешлување, метална четка, метален чешел, обична четка и ако влакното е многу заплеткано, се препорачува да користите крем за расчешлување “.

Прво отстранување на нечистотијата потоа чешлање

Според советите на Милица Вујичиќ, најпрво се отстранува целата нечистотија од кучето. Потоа со рака се отплеткуваат чворовите, а ако е многу заплеткано влакното најпрво се нанесува било кој производ за расчешлување. Потоа исчеткајте го и тоа најдобро прво со фурминатор , а потоа со фин чешел.

“Ова е многу важно, бидејќи руралните кучиња кои живеат надвор, во текот на  есента добиваат многу густо и квалитетно крзно што добро ќе им служи пред претстојната зима. Исто така, на овој начин се отстрануваат мртвите влакна, што понекогаш можат да биде опасни за здравјето на кожата на кучето”, објаснува Милица.

Дворот и куќичката

За да може вашето куче да ужива во есенските денови, важно е да го уредите дворот во кој престојува. Водете сметка, оградата да нема дупки и премини, така што кучето нема каде да се провлече и да избега. Ако е оштетена на некои места, најдобро е да ја заварите, ако е метална, или да ги замените штиците, ако е дрвена.

Најважно  од се е на кучето да му изградите куќичка и секако да не го чувате кучето на поводник, туку да го пуштите да се движи слободно, а ако заврне дожд само ќе го најде патот до неговиот дом.

Ако вашето куче живее надвор, есента е најидеално време да му  обезбедите покрив над главата, а доколку има куќичка, проверете да не е оштетена. Куќичката за кучиња треба да биде удобна и комфорна, така што вашето домашно милениче да има доволно простор кога ќе легне во него. Дрвените куќички кои се подигнати од земјата се покажаа како најдобри. Би било идеално да се изолираат sидовите на куќичката, така што ќе ги направите од штици, а меѓу ќе ставите стиропор.

На тој начин, домот на вашето куче ќе биде топол. Подот треба да биде обложен  за да собира помалку нечистотија. Во принцип, сите  куќички се градат според истиот принцип, а најдобри се оние што можат да се расклопат, со цел полесно да се чистат.

Кога станува збор за материјалите, најдобро би било да му набавите куќаичка од дрво што содржи смола, а тоа е бор, кедар и ела. Мирисите на овие дрва ги одбиваат паразитите. Се советува куќичката да не се поставува на  север или  пак на сонце, туку да се постави некаде во завет за да се заштити од промаја.

Исхрана

Многу сопственици ја знаат изреката – „Во есен и зима, на кучињата им треба повеќе храна“. Делумно ова е точно, бидејќи се однесува на селските кучиња и на оние  кои живеат во дворот.

За кучињата кои живеат во боксови, во дворот, го чуваат имотот или одат на лов, им треба збогатена храна, бидејќи им се случуваат метаболички промени. Овие промени се усогласени со исхраната. На есен, енергетските потреби на организмот треба полека да се зголемуваат, така што кучињата  ќе можат да одржуваат постојана телесна температура и во зимски услови.

Храната во есенскиот или зимскиот период треба да содржи висок процент на протеини (над 30%, пред се од животинско потекло), како и висок процент на маснотии со учество од околу 20%. За време на есенските и зимските месеци може да се појави дехидрираност, затоа водата мора често да им се менува, бидејќи на активните кучиња од средната категорија им требаат минимум околу 360 до 720 милилитри вода дневно.

Извор: Агрклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:грижа за кучињатаДомашни миленициисхрана на кучињатакучиња
Претходен напис ОН: Зголемена несигурноста во обезбедување храна во четири држави во светот
Следен напис 5 научно поткрепени корисни дејства на црвеното вино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?