Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Австрија на пасиште пронајдени 16 мртви говеда – причина за смртта е гром?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Австрија на пасиште пронајдени 16 мртви говеда – причина за смртта е гром?
АгровестиСточарско производство

Во Австрија на пасиште пронајдени 16 мртви говеда – причина за смртта е гром?

Објавено 03/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во местото Унтертауерн во Австрија во силно невреме, како последица од удар на гром, на пасиште настрадале 16 говеда. Овој случај го коментираше директорот на Австрискиот државен ветеринарен инспекторат, Јозеф Шошл кој вели дека такво нешто досега не доживеал. Се претпоставува дека говедата настрадале во средата на 26 август.

-„Во Унтертауерн, на подрачјето на Гнаденалм, гром усмрти 16 говеда што јасно го утврдивме со помош на локалната инспекција“, изјавил директорот за тамошните медиуми.

Се работи за стока во сопственост на двајца фармери

Усмртената стока била изнесена на пасење, а двајцата сопственици тврдат дека последен пат ги виделе седум дена пред несреќата. Бидејќи животните подолго време не се појавиле, тие тргнале во потрага по нив.  Затекнале шокантна глетка, имено ги пронашле своите животни како лежат мртви на алпските ридишта. 

Ветеринарката која дошла на увид, Џудит Сихлер потврдила дека причина за смртта е гром. Меѓутоа кога и кој гром точно ги усмртил говедата, не е познато.

_„Ова е прв пат во мојата кариера толку голем број на животни одеднаш да бидат погодени од гром“, признава Шошл.

Висината на штетата сеуште не е утврдена, но се претпоставува дека стоката била осигурана.

Сличен случај и во Хрватска

Во Австрија последен пат ваква работа се случил во 2016 година во Посталм кај Стробл. Тогаш гром усмрти 17 говеда, поточно 12 крави и 5 телиња кои сакале да се засолнат од силните грмотевици под дрво.

Вакво сценарио неодамна имало и во Хрватска. Имено гром усмртил стадо од 20-ина овци кои се сокриле под еден даб од невремето, а самиот сопственик Ѓуро Вученович од Турчевич поле „за влакно“ ја избегнал несреќата.

Она што и стави посебен белег на оваа приказна е тоа дека луѓе со големо срце му помогнаа на овој 62- годишник да се опорави од настанатата штета.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Австријагромневремеубиени говеда од гром
Претходен напис Бред Пит го лансираше својот розе шампањ
Следен напис Продолжува стабилното и суво време – денес ветровито и посвежо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?