Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Комбинатот остварил добивка во првите 6 месеци од годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Комбинатот остварил добивка во првите 6 месеци од годинава
Агровести

Комбинатот остварил добивка во првите 6 месеци од годинава

Објавено 03/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува позитивниот тренд во работењето на Тутунски Комбинат, што се гледа од  финансискиот извештај на компанијата од работењето во првата половина од годинава. Имено, За првото шестмесечје Комбинатот остварил добивка од околу 70 илјади евра. Или попрецизно, финансискиот резултат на “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период од 1 ви јануари до 30 ти јуни годинава покажува добивка во износ од 4 милиони 750 илјади денари. Овој финасиски показател е подобар од истиот период лани, кога била  остварена загуба од 65 милиони и 288 илјади денари.

– Добивката се должи пред се на заштедите и домаќинското работење, особено во делот на енергетската ефикасност, и тоа благодарение на зафатите кои беа преземени минатата година. Очекувам, оваа тенденција на позитивни резултати да продолжи и да биде уште поизразена до крајот на годинава, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

Во делот на финансиските приходи евидентирано е зголемување од 500 илјади денари остварено лани, на 23 милиони и 762 илјади денари истиот период годинава. По ставки, според шестмесечниот финансиски извештај, оперативните приходи се намалени за 10,6%, што се должи на намалувањето на приходите од продажба на домашниот пазар и тоа за 72,6% .
Финансиските расходи за првото полугодие бележат намалување од 27, 11 % и тоа како резултат на намалувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и курсни разлики.
АД Тутунски Комбинат Прилеп бележи и инвестиции во недвижности, постројки и опрема и тоа во износ од над 2 милиони и 600 илјади денари, стои во финансискиот извештај од работењето на компанијата за првите шест месеци од годинава.

Извор: Радиопела.мк

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:добивкаКомбинаттутунТутунки Комбинат АД Прилепфинансиски показател
Претходен напис Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени
Следен напис Деталнo метео: Продолжува периодот на стабилно и суво време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?