Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во услуги на руралното население може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за услуги на руралното население. Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:
Доколку барателот – физичко лице со место на живеење во Валандово ( Или друго населено место до 30 000 жители кое се води како Рурално подрачје) сака да започне да се занимава односно да инвестира во опремување на објект за давање на козметички услуги и коса т.е опремување на објект – салон за убавина.
Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра до 1 000 000 евра. Во нашиов пример предпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 10 000 евра.
Документи кои се потребни при набавката на оваа опрема се:
- Барање за користење на средства ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
- Фотокопија од важечка лична карта или пасош
- Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како занаетчија.
- Диплома или сертификат за завршен курс/обука за давање на козметички услуги или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
- Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
- Потврда од локалната самоуправа – Општината Валандово, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
- Имотен лист за објектот каде ќе се врши дејноста
- Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од 7 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се направи договорот на 10 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
- Една понуда од добавувач ( од каде се планира да се земе опремата за козметичкиот салон/ центарот за убавина) до 10 000 евра со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана)
- Технички предлог проект (консултантска куќа)
Целокупната документација се става во затворен плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај” по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.
По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).
После реализацијата односно од кога ќе биде отворен салонот за убавина во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 10 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 6 500 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.
Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 е во тек и ќе трае до 22 август 2021 година.

Почитувани,
Благодарам за едноставниот преглед на потребни документи за следниот повик за диверзификација на бизниси во село. Ако може едно појаснување: еве за истиот пример за салон за убавина – доколку немам соодветен објект па имам намера да си изградам, дали би можеле да ми бидат доделени средства само за опремата, а откако би добила потврдна информација дека средствата ќе ми бидат одобрени, тогаш би го изградила објектот. Или сепак, адекватен објект ќе биде и предуслов за да аплицирам, т.е. добијам грант 65% за набавката на опрема?
Благодарам 🙂