Бобинките ги има многу кај нас и покрај тоа што се користат свежи, се користат како додаток во многу пијалоци, јадења и сл. Најпознати се рибизлите, брусницата, боровинкта, малините, капините, јагодите и сл.
Во следниов прилог ќе зборуваме за неколку од нив и нивното влијание врз организмот на човекот.
Боровинки
Ова овошје има одличен вкус, може да се консумира свежо, замрзнато и суво.

Богати се со витамин Б и содржат голема количина на аскорбинска киселина или витамин Ц, богати се со минерали како на пример магнезиум, фосфор, калиум, калциум, бакар, железо и натриум.
Боровинките содржат и антоцијани кои се познати уште како антиоксиданси, што значи го забавуваат процесот на стареење и го спечуваат појавувањето на слободните радикали кои предизвикуваат рак. Исто така боровинките имаат преубав вкус и често се користат за подготовка на мармалад, компот, сокови, џемови и слично.
Брусница
Брусницата е уште еден вид на овошје за кое може да се рече дека е од оние најкорисните. Содржи голема количина на витамин Б, кој пак е неопходен за правилно апсорбирање на витаминот Ц. Содржи исто така и минерали, како што се магнезиум, јод и калциум.
Брусницата може да се чува подолго време, а може и да се замрзне без да ги загуби своите корисни својства во следните 12 месеци. Брусницата содржи огромна количина на органски киселини кои не даваат да ги загуби своите лековити својства, содржи антиоксиданси, го забавува стареењето, го подобрува кардиовскуларниот систем, а го зајакнува и имунитетот.

Сокот од брусница е одличен за лечење на респираторни заболувања, а им помага и на жените кои страдаат од цистит. Постојат испитувања дека брусницата ја стимулира активноста на мозокот, ја подобрува меморијата и ја зголемува неговата ефикасност.
Рибизла
Црната рибизла е рекордер според содржината на аскорбинска киселина, па затоа доволно е да се изедат само неколку зрна за да се обезбедат дневните потреби од витамин Ц. Се користи за подготовка на компоти, џемови, разни овошни пијалоци. Рибизлата содржи голема количина на витамин А, П, Б, Е и минерали: железо, калиум, манган, фосфор, сребро, сулфур, бакар. Консумирањето на црна рибизла е извонредно добра за луѓе што страдаат од анемија поточно од недостиг на железо.

