Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Француската влада ги зголеми субвенциите за производителите на вино на 250 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Француската влада ги зголеми субвенциите за производителите на вино на 250 милиони евра
АгровестиПазари

Француската влада ги зголеми субвенциите за производителите на вино на 250 милиони евра

Објавено 13/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Франција ги зголеми субвенциите за производителите на вино, кои се соочуваат со голем пад на побарувачката откако рестораните и баровите беа затворени поради пандемијата, а американските царински тарифи го ограничија извозот.

„Државата ќе го зголеми својот стимулативен план на 250 милиони евра и ние ќе побараме таа помош што е можно поскоро да биде распределена, затоа што итно е потребна финансиска помош“, рече францускиот премиер Жан Кастекс,  за време на посетата на лозјата ‘Menetou-Salon’ i ‘Sancerre во областа на Лоара.

„Меѓународна состојба, здравствена криза и пад на извозот: нашиот вински сектор се соочува со големи тешкотии. Државните субвенции мора да продолжат и да се зајакнат“, напиша премиерот неодамна на својот профил на Твитер.

Првично биле одобрени 140 милиони евра, а потоа сумата ја зголемиле

Потсетуваме дека, Франција во мај обезбеди 140 милиони евра со цел да го дестилира вишокот  на вино во етанол, што ќе се користи за производство на дезинфекциони сретстав.

 Сепак, тие мерки не ги исполнија барањата на синдикатите. Францускиот Национален сојуз на фармери (FNSEA) очекуваше повеќе, па тие побараа вкупно 500 милиони евра помош за производителите на вино, вклучувајќи 260 милиони евра за дестилација,  со што би биле опфатени околу три милиони хектолитри вино.

 Во јуни, тамошната влада обезбеди дополнителни 30 милиони евра субвенции за винарскиот секторот , вклучувајќи  и 15 милиони за започнување на проект за приватно складирање и дестилација на два милиони хектолитри вишок вино.

 Покрај влијанието на вирусот СОВИД-19, француската винска индустрија претрпе штета и од новите американски увозни давачки наметнати како дел од трговскиот спор меѓу Европската унија и САД поради субвенциите за авиони.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариивинозголемени субвенциилозарисубвенцииФранција
Претходен напис Детално метео: Поизразена нестабилност за време на викендот
Следен напис Во Дебар утре ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?