Пченката во Пакистан е економски важна култура, меѓутоа климатските промени,а особено топлите и влажни услови предизвикале создавање на поголема количина на афлатоксин во зрното. Бидејќи тоа не е во склад со меѓународните трговски стандарди, отежнат е извозот на оваа култура.
Порастот на температурата, нееднаквото паѓање на дождовите, поплави, суши и други климатски промени влијаеа на земјоделското производство ширум светот. Како пoследица на тоа, во пченката од Пакистан се пронајдени поголеми количини афлатоксин.

Оваа земјоделска култура таму е четврта најважна култура и придонесува 0,4% од БДП, а во таа земја се одгледува на површини од над 1.200 ха.
Влагата и топлината се виновни за афлатоксините
Врелите и влажни климатски услови го поттикнуваат развојот на вирусот Aspergillus flavus кој произведува секундарни метаболити, обично познати како афлатоксини. Тие се сметаат за отровни и нивното високо ниво во храната може да предизвика сериозни здравствени проблеми, како за стоката така и за луѓето. За животните, консумирањето на контаминирана пченка може да предизвика штетни последици на телесната маса и да го ограничи производството на млеко.
Тоа откритие го ограничило производството на пакистанска пченка, бидејќи не било во склад со меѓународните трговски стандарди, а што последователно влијаело на регионалната трговија и економија воопшто. Од друга страна, неговата потрошувачка на тој пазар драстично се зголемила поради производство на сточна храна.
Решение се иновативни биолошки препарати?
Биолошката контрола за која се користат изворни агенси е одржлив пристап за решавање на такви случаи, без влошување на квалитетот на производот. За да го разгледа проблемот на афлатоксин во посевите со пченка, Американското министерство за земјоделство (USDA) започна биолошка контрола на овие микротоксини во форма на иновативен производ.
Зависно од земјите и целните посеви, името на производот се разликува но вообичаено е познат како AflasafeTM и Afla-GuardTM. Оваа технологија во Пакистан може да се најде под заштитена ознака AflaPakTM.

САД се здружи со Пакистанското земјоделско истражувачко собрание (PARC) и CABI international за да можат заедно да работат на програмата “Контрола на афалтоксинот во Пакистан“, со користење погоре наведената технологија за биоконтрола.
Се планира да се прошират видиците за комерцијализација на оваа програма за да им се овозможи на луѓето посигурна и поквалитетна храна. Сметаат дека тоа нема да доведе само до подобро здравје на луѓето туку ќе го зголми приходот на земјоделците за најмалку 10%.
Уште повеќе, се смета дека оваа технологија може потенцијално да го намали нивото на афлатоксин на 60% од вкупните површини на пченка во Пакистан, што резултира со позитивно влијание на трговијата со подобрување на извозниот потенцијал.
Извор: Agroclub
