Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020
Агровести

Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020

Објавено 30/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рокот за плаќање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година е продолжен до 18 декември 2020 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Рокот произлегува од донесената Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба, од страна на Владата.

-Според оваа Уредба, рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година, се одложи за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба. Законскиот рок беше до 31 јули 2020 година, но сега земјоделците закупнината ќе можат да ја платат заклучно со 18 декември 2020 година.

Воедно, според Уредбата, до 18 декември 2020 нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп поради неплатена годишна закупнина, објаснува МЗШВ.

Според Министерството, одлуката за продолжување на рокот за плаќање закупнина и за нераскинување на договорите поради неплатена закупнина се донесе заради надминување на економските тешкотии на закупците, поради вонредната состојба предизвикана од вирусот КОВИД 19.

-И во следниот период ќе го следиме влијанието на пандемијата врз земјоделството и во комуникација со земјоделците и стопанствениците од агросекторот, доколку има потреба ќе се преземаат и други соодветни мерки за ублажување на последиците, наведува Министерството.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Државно земјоделско земјиштезакупнинапродолжен рок за плаќањерок за плаќање
Претходен напис Нуклеарна фузија за изградба на вештачко сонце во Франција
Следен напис Шише шампањ на подарок за секој турист!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?