Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуклеарна фузија за изградба на вештачко сонце во Франција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нуклеарна фузија за изградба на вештачко сонце во Франција
Магазин

Нуклеарна фузија за изградба на вештачко сонце во Франција

Објавено 30/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На југот на Франција во вторникот почна склопувањето на најкомплексната машина во историјата на нашата цивилизација – ITERA, кое ќе трае следните 5 години, пишува Гвардијан. Станува збор за научен проект тежок 20 милијарди евра, со кој научниците сакаат да симулираат процеси што се одвиваат во внатрешноста на Сонцето т.е со овој проект се тежнее да се овозможи создавање на енергија со помош на нуклеарна фузија за која научниците се надеваат дека во иднина би можела да биде комерцијално искористена.

Станува збор за неограничен извор на чиста енергија, кој нашата цивилизација изминатоте 60 години не најде начин да го искористи, поради големите технички предизвици што ги бара таквиот зафат.

Уште пред пет години, новинарка Тања Рудеж, пишуваше дека во текот на реакцијата на фузијата, што всушност претставува процес на спојување на јадрото на атомите на лесните елементи, се ослободува голема количина на енергија. На пример, при фузија од пет грама материја се добива енергија колку што би се добила со горење на 60 тони многу квалитетен јаглен.

– „Фузијата е сигурен извор на енергија во неограничени размери“ – изјавил портпаролот на ITER Роберт Арно. За разлика од фисијата, однсоно кинење на атомските јадра, што е темел на нуклеарните централи и на атомските бомби, кај фузијата нема опасност од неконтролирана реакција. Со други зборови, не е можно сценарио како во Чернобил. Кај енергијата добиена со фузија, нема долготраен радиоактивен отпад, а нема ниту емисија на јаглен диоксид.  

За да се состави овој реактор , тежок 23.000 тони , треба во него да се вградат милиони различни делови, меѓу кои и повеќе од 3.000 тони суперспроводливи магнети и повеќе од 200 км суперпроводливи жици, а сето тоа треба да се чува на екстремно ниска температура  од -269 степени Ц. Накратко, станува збор за најкомплексниот „градежен“ зафат на денешницата.

Почетокот на составувањета на оваа машина го одбележаа францускиот претседател Емануел Макрон и јапонскиот премиер Шинзо Абе, чија земја учествува во овој проектот заедно со Европската унија, САД, Обединетото Кралство, Кина, Индија, Јужна Кореја и Русија.

– „Верувам дека ваквите иновации ќе бидат клучни во борбата против климатските промени и во изградбата на општество во кое нема преголеми со емисијата на јаглен диоксид“– вели Абе.

– „Ако овозможиме користење на чиста енергија, тоа ќе биде чудо за нашата планета. Но, морате да бидете свесни дека составувањето на оваа машина ќе биде извонредно сложен процес во текот на кој мораме да бидеме прецизни како швајцарски часовник“– изјави главниот директор на проектот ITER Бернар Биго.

Кога ITER ќе биде завршен во 2025 година, ќе почнат првите експерименти, а до 2035 година би требало да биде готова и изградбата на реактор, со јачина од 3 Гигавати, кој ќе произведува електрична енергија. Крајната цел е до 2050 година, со помош на фузијата да започне и комерцијалното производство на енергија.

Извор: Еkapija

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:ITERAвештачко сонценуклеарна фузијачиста енергија
Претходен напис Што содржи планот на ЕУ за глобалното намалување на антибиотиците во сточарството?
Следен напис Рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште продолжен до 18 декември 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?