Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Холандија го укинува производството на биомаса?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Холандија го укинува производството на биомаса?
Агровести

Холандија го укинува производството на биомаса?

Објавено 24/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандија треба што поскоро да ја укине употребата на биомаса за производство на електрична енергија, изјавија претставниците на Социоекономскиот совет (СРД) на Владата на ова Кралство.

 „Во хемиската индустрија, градежниот сектор и земјоделството, биолошките материјали се клучни за премин кон кружна економија, но трајно произведената биомаса е премногу оскудна за да продолжи да се користи за производство на електрична енергија, за што има и други алтернативи со ниско ниво на јаглерод и обновливи извори“, се вели во извештајот претставен на почетокот на овој месец.

Експертите исто така веруваат дека треба да се укинат субвенциите вредни милијарди евра наменети за постројките, а парите да  им бидат распределени на  компаниите и вработените.

Жешка дебата во владата

Извештајот на советничката група на владата, само дополнително ја разгори жестоката јавна расправа за одржливоста на биомасата, која  во претходните месеци имаше екстремен пад во Холандија.

 Уште во месец мај, холандскиот министер за економски работи и климатска политика, Ерик Вибес, изјави дека биомасата е клучна за постигнување на целите за земјата во поглед на обновливата енергија и намалувањето на јаглеродот.

„Ако сакаме да ја  постигнеме климатската цел, засега таа ќе ни ќе биде многу потребна“, рече Вибес, истакнувајќи дека пелетите што се користат во електраните се преостанатото дрво од таа индустрија.

Коментарите на министерот иницираа студија изготвена од страна на Националниот институт за стратегиска анализа на политиките од областа на животната средина, природата и просторно планирање (ПБЛ) во која учествуваа 150 различни организации и експерти.

 Нивните заклучоци само додадоа „бензин во огнот“ затоа што сметаат дека различните форми на производство и употреба на енергиите не се споредливи. Владата остро реагираше нагласувајќи ја важноста на биомасата за постигнување на целите за намалување на емисиите на јаглерод во земјата, но еколозите реагираат дека намалувањето на јаглеродот се случува само на хартија.

60% од потрошувачката  во ЕУ

Холандската дебата би можела да го унапреди развојот на ниво на ЕУ, каде се разгледува одржливоста на биомасата за енергетски цели.

 Европската унија додаде критериуми за одржливоста на нејзината употреба во последната ревизија на ЕУ директивата,  која беше договорена пред две години. Сепак, еколошките здруженија предупредуваат за неусогласеноста помеѓу биоенергетската политика и нејзините долгорочни климатски цели.

 „Постојано ја следиме побарувачката за биомаса во земјите на ЕУ, како и нивната одржливост со цел подобро да ги разбереме и да ги следиме потенцијалните опасности за климата и биодиверзитетот“, објасни Европската комисија, додавајќи дека целиот извештај ќе биде објавен до крајот на оваа година.

 Биоенергијата во моментов се смета за единствен јаглеродно-неутрален обновлив извор на енергија и претставува скоро 60% од потрошувачката на ЕУ, од кои дури 96% се произведуваат во Европа. Во Холандија, овој удел е 61% од 2018 година, а најголем дел се увезува во форма на пелети од дрво од Естонија, пренесува „Еурактив“.

Неговото укинување ќе значи дополнителни инвестиции во други обновливи извори, како што се соларни панели и ветерни турбини, кои се многу поскапа алтернатива.

Во пресрет на новата владина политика, шведската енергетска компанија „Ватнелвал“ веќе донесе одлука да ја одложи изградбата на планираната централа во Диемен.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:алтернативи за производство на електрична енергијабиомасапроизводствоХоландија
Претходен напис Време е за роење, што кога пчелите ќе се населат во вашиот двор?
Следен напис Во Порто се отвора „Свет на виното“ вреден 100 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?