Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
Агровести

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!

Објавено 23/11/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во месец декември 2026 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2026 година се наменети за следните мерки:

- Реклама -
Ad image

➢ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

➢ Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

➢ Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси (освен прироритетен сектор Производство и продажба на енергија од обновливи извори)

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во примарното земјоделско производство (вклучително и земјоделска механизација), инвестиции во преработка и марктетинг на земјоделски и рибни производи и инвестиции во насока на диверзификација на земјоделските активности и развој на бизниси во руралните средини.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик 01/2026.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Телефон: 02 3097-460 Факс: 02 3097-454 е-mail адреса: [email protected] www.pa.gov.mk Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Тело за управување со ИПАРД Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115 е-mail адреса: [email protected] www.ipard.gov.mk Агенција за поттикнување на развој во земјоделството Телефон: 047 228-330 Факс: 047 228-370 www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

Може да ви се допадне

Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите
На полноќ дизелот поевтинува за 3,50 денари, а бензините за два денара за литар
Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во Македонија
Водата во Скопје безбедна и исправна за пиење
Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday
Таг:ипардпред најава
Претходен напис Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?