Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите
Агровести

Мицкоски: 20% пониска цена за м2 за брачен пар до 35 години како решение за станбеното прашање на младите

Објавено 23/11/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на новите мерки поврзани со станбеното прашање на младите и зголемувањето за 20% за студентите за студентскиот оброк, изјави:

„Најпрвин би сакал да се заблагодарам што внимателно беше проследен настанот од вчера, годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, каде што промовиравме мерки коишто цениме дека ќе го олеснат решавањето на егзистенцијалното прашање, а тоа е домувањето на младите брачни парови или брачни парови до 35 години возраст.

Првата мерка се однесуваше на еден закон којшто ќе се најде пред пратениците многу скоро, на којшто работиме заедно со Министерството за транспорт. И ценам дека со овој закон драматично ќе се олесни начинот на обезбедување и решавање на ова егзистенцијалното прашање, а тоа е домувањето.

Што предвидува оваа мерка? Имено, секоја градежна компанија којашто во иднина ќе гради објекти за домување, мора однапред да определи најмалку 10% од станбената површина за домување којашто потоа ќе биде понудена на млади брачни парови до 35-годишна возраст по цена којашто ќе биде минимум 20% пониска од цената којашто се нуди за таа катастарска општина којашто била актуелна во претходната година. Точно ќе знаеме врз основа на склучените купопродажни договори колкава била претходната календарска година цената во таа одредена катастарска општина за станбени единици. Просекот точно знаеме колку можеме да го пресметаме и 20% од тоа ќе биде со попуст, односно поевтино, ќе биде понудено на млади брачни парови до 35-годишна возраст.

- Реклама -
Ad image

На овој начин цениме дека го олеснуваме решавањето на ова егзистенцијално прашање, а тоа е домувањето. Знам дека во минатото имаше разноразни иницијативи да се плаќа еден, два, три проценти од каматите на кредитите, на заемите и слично. Не, нашиот пристап е директен и јасен и прецизен, не еден, два, три проценти, туку минимум 20% пониска цена за метар квадратен за брачен пар до 35 години, којашто ќе се споредува со просекот за катастарската општина од претходната календарска година за да нема понатаму шпекулации.

Втората мерка е исто така закон којшто многу скоро ќе се најде пред пратениците, а тоа е да за брачни парови до 35 години коишто ќе сакаат да изградат свој дом, нов дом, односно куќа, да општините не наплаќаат комуналии. Односно, да не можат да наплатат комуналии. И тоа ќе биде повторно законско решение коешто ќе биде многу скоро дадено пред пратениците. И очекувам поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

Третата мерка, а тоа е оброкот којшто е многу популарен. Гледам некои од политичките партии жестоко го злоупотребуваат, што не би требало така да биде, но како и да е, тоа оставам на нивната чест и совест. Но, она коешто ние како Влада сакаме да го постигнеме е во голема мерка да го подобриме стандардот на студентите. Сега зборувам за студентскиот стандард и студентскиот оброк.

Имено, во изминатиот период драматично ги зголемивме најпрвин средствата коишто ги одвојуваме за студентскиот стандард. Еден студентски дом којшто беше ветување многу пати дадено во минатото, се заврши и пушти во употреба. Уште еден ќе биде пуштен до крајот на оваа година, евентуално од почетокот на следната година. И неколку други ученички, студентски домови започнуваат со реконструкција со средства коишто ќе ги обезбеди Владата. Тие средства се во висина од отприлика педесетина милиони евра.

Кога на тоа ќе се додадат сите оние грантови за самовработување на лица до 29 години, кога на тоа ќе се додадат електронските уреди коишто ги обезбеди оваа Влада, дојдовме до студентскиот оброк којшто сакаме на еден поинаков, иновативен начин да го решиме преку апликацијата „м-услуги“. Односно, студентите не само да добијат зголемување на сумата којашто ќе ја користат за да го обезбедат студентскиот оброк, туку истовремено преку „м-услуги“ апликацијата да добиваат и други привилегии коишто во овој момент не ги добиваат. И ние цениме дека на овој начин драматично ќе го олесниме студирањето и ќе го подобриме студентскиот стандард. Работиме на апликацијата, работиме со колегите од Генералниот секретаријат, од Министерството за дигитална трансформација, образование и наука и финансии. И очекувам многу скоро да излеземе со ова иновативно, дигитално решение коешто го нема во Европа. Ниту една држава во Европа нема ваков тип на решение коешто ќе го имаат македонските студенти.“

Може да ви се допадне

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
На полноќ дизелот поевтинува за 3,50 денари, а бензините за два денара за литар
Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во Македонија
Водата во Скопје безбедна и исправна за пиење
Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday
Таг:брачен парМицкоскистанбеното прашање
Претходен напис На полноќ дизелот поевтинува за 3,50 денари, а бензините за два денара за литар
Следен напис ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?