Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јорданов: Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради нов дефект ќе останат без вода, ќе се обезбедат цистерни и флаширана вода за пиење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јорданов: Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради нов дефект ќе останат без вода, ќе се обезбедат цистерни и флаширана вода за пиење
Агровести

Јорданов: Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради нов дефект ќе останат без вода, ќе се обезбедат цистерни и флаширана вода за пиење

Објавено 18/11/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов прогласи дека во одредени делови од градот има кризна состојба, бидејќи дел од населбите 40 часа немаат вода за пиење, но и поради новиот дефект на главната линија уште дополнителни 24 часа ќе немаат вода за пиење. Населбите Железничка, Пребег, Три Чешми, Ново Село, Исар, делови од населба Сењак, 8 Ноември и во наредните 24 часа ќе немаат вода за пиење. Жителите на овие населби, особено оние во повисоки зони веќе три дена немаат вода за пиење, поради санирање на дефект на главната водоводна линија, но денеска повторно пукнала главна цевка на водоводната линија. 

-Пред неколку минути е настанат дефект на главна водоводна линија која во изминатите 40 часа исто така беше под работни активности на јавното претпријатие „Исар“. Дефинитивно имаме кризна состојба на одредени делови во нашиот град кои поради овој дефект ќе останат без вода повеќе од 24 часа. Она кое што можам да го направам е да сите расположливи сили кои ги имаме како логистичка поддршка во рамки на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица и целата механизација во текот на денот да се организираме овој дефект на главната водоводна линија да се санира час побрзо за да се нормализира водоснабдувањето, кое дефинитивно направи голем проблем – вели Јорданов.

​Штипскиот градоначалник посочи дека има одредени работи кои не зависат од човечки фактор, туку, како што рече, она што се случува на дефектите на главната водоводна линија е поради тоа што е стара повеќе од 50 години.

-Покрај тоа што променивме значителен број на водоводни линии на територија на општина Штип во изминатите пет години – огромен процентуален број на главни водоводни линии се заменети, сепак оваа линија која што е под дефект е стара водоводна линија која непредвидливо нанесе повеќе од 40 часа прекин во водоснабдувањето на неколку населби.​ Во име на тоа сакам да се извинам на граѓаните кои се соочуваат со овој проблем. ​Во текот на денот ќе работиме да се санира дефектот кој како што напоменав не можевме ниту ние, ниту било кој да го предвиди и независи од човечки фактор. ​Тоа кое што зависи од нас е да се организираме соодветно и сите делови на градот кои ќе останат без вода, тоа се населбата Три Чешми, населбата Пребег, населбата Ново Село, населбата Исар, делови од населба Сењак, 8 Ноември, да бидат покриени со техничка вода со цистерни  – посочи Јорданов.

- Реклама -
Ad image

​Тој на прес-конференцијата посочи дека  сите домаќинства од овие штипски населби ќе бидат посетени од страна на волонтери, кои ќе им даваат флаширана вода за пиење, а на социјалните медиуми ќе се објавуваат и каде ќе бидат лоцирани цистерните со вода за пиење. 

-​Морам да напоменам дека овој дефект кој што е настанат е како последица при нормализирање на водоснабдувањето затоа што во изминатите 40 часа на истата линија јавното претпријатие работеше, но еве по завршувањето на работните активности, поради притисокот и поради застарената водоводна мрежа повторно настана дефект кој ни отвора дополнителни проблеми како што напоменав има одредени околности, одредени работи кои не зависат од човечки фактор и посакувам што е можно помалку да се случуваат во иднина затоа што создаваат проблеми на сите нас.​ Ќе се потрудиме во текот на денот да се организираме за жителите од напоменатите населби да бидат снабдени со техничка вода. Цистерните ќе бидат позиционирани преку социјалните мрежи. Преку вас медиумите ја известам јавноста дека техничка вода и флаширана вода ќе биде дистрибуирана до сите домаќинства коишто се засегнати и посакувам час побрзо да се отклони овој проблем кој не засега сите нас – рече Јорданов.

​Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски истакна дека за новиот дефект на главната водоводна линија имаат резервни делови и стручен кадар, кој ќе го санира. 

​-Јавното претпријатие ги мобилизира сите свои расположиви капацитети, луѓето се веќе на терен и ги прават подготовките за веднаш да отпочнеме со работни активности за санирање на дефектот.  ​Сакам да ја известам јавноста дека поседуваме капацитет, поседуваме резервни делови кои што се потребни за да ја завршиме оваа интервенција, Ги замолувам за разбирање, а како што напомена градоначалникот ќе ги активираме нашите две нови цистерни кои што ќе дистрибуираат техничка вода, паралелно до нив ќе биде поставен пункт и за  питка вода за пиење која ќе биде флаширана. Да не послужи времето и се надеваме дека во  најбрз можен рок ќе го санираме дефектот – изјави Арсовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар
ЕУ постигна договор за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
Вкупно 22 пријави на повикот за финансиска поддршка за жени земјоделки од Кавадарци и Неготино 
Производството на шумски сортименти во државните шуми зголемено за 4,8 проценти
Таг:без водаЈордановкризна состојбацистерни
Претходен напис Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?