Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија
Агровести

UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија

Објавено 11/11/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стимулирањето на женското претприемништво во најголема мера зависи од пристапот до капитал, воведувањето иновации и ефикасното користење нови технологии, е клучната порака од годинешниот Саем за женско претприемништво EXPO 2026, кој го организира канцеларијата на UN Women во земјата. Прашањето веќе не е како жените да се охрабрат да започнат бизнис, туку како тој бизнис да се развие, да вработи нови луѓе и да се пробие на меѓународниот пазар. На настанот кој веќе традиционално се одржува во овој период од годината, учествуваа претприемачки од земјата и од странство, креатори на политики, меѓународни организации.

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески порача дека се работи на систем за обезбедување квалитетни информации за учеството на жените во бизнисот што ќе овозможи да се креираат поефикасни и посоодветни политики за поддршка на женското претприемништво.

„Подготвивме измени на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, чија цел е да се обезбеди водење родово разделена статистика за деловните субјекти. Овие измени, кои се во завршна фаза, се добра основа за следење на состојбите и движењата, за креирање солидна база на податоци заради креирање соодветни политики, односно мерки и активности во насока на поттикнување и поддршка на развојот на женското претприемништво во земјава“, рече Ристески.

Државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, говореше за потребата женските микро и мали претпријатија да добијат практична поддршка за примена на вештачката интелигенција преку дигитална дијагностика, менторска и експертска помош, пристап до финансирање и инфраструктура, со цел новите технологии да придонесат кон конкретен раст и поголема конкурентност на бизнисите.

- Реклама -
Ad image

„Нашата цел не е секоја микро или мала компанија да стане технолошка компанија. Целта е секоја компанија, без разлика на големината, секторот или местото од кое работи, да може да утврди дали вештачката интелигенција може да ѝ помогне, да добие стручна поддршка, да пристапи до соодветно финансирање и безбедно да воведе решение што создава конкретна деловна вредност“, истакна Клинчарова.

Портпаролката на Владата, Марија Митева потенцираше дека со поттикнување на женското претприемништво се зајакнува македонската економија и се создава подобра иднина во земјата.

„Кога создаваме услови за развој на женското претприемништво, не инвестираме само во поединечни бизниси. Инвестираме во економската иднина на Македонија“, децидна е Митева.

Настанот се одржа во рамки на регионалната иницијатива за женско претприемништво на UN Women, со поддршка на Европската Унија. Од канцеларијата на UN Women порачаа дека економското јакнење на жените е неразделен дел од родовата еднаквост, но истовремено и важно прашање за економскиот развој.

„Поддршката за женското претприемништво не е трошок и не е помош само за жените. Таа е инвестиција во економски раст, иновации, нови работни места и во потенцијал кој сè уште не е целосно искористен. Кога една жена добива реална можност да го развие својот бизнис, ефектот не завршува со неа. Тој се пренесува врз нејзиното семејство, вработените, локалната заедница и целата економија“, изјави Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во земјата.

Според податоците на Европската комисија, жените се сопственички на само 33 отсто од бизнисите во Европската Унија. Овие податоци укажуваат дека не е доволно само да се зборува за женското претприемништво, туку да се креираат конкретни мерки кои ќе ги охрабрат жените да започнат своја бизнис приказна.

„Женското претприемништво не е само приказна за успешни жени. Тоа е приказна за посилни компании, повеќе иновации, нови работни места и посилна економија. Токму затоа, не е доволно само да ги охрабриме жените да започнат бизнис. Треба да им помогнеме тој бизнис да го развијат, да воведуваат иновации, да пристапат до нови пазари и да станат конкурентни“, порача Даниела Димовска, директорка на ИНОВА.

За учество на годинешниот UN Women EXPO 2026 аплицираа речиси 100 претприемачки, од кои беа избрани 58, а 12 од нив имаа можност да ги презентираат своите бизниси пред посетителите на настанот. На Саемот за женско претприемништво беа избрани трите најперспективни женски бизниси. Наградите ги освоија Loolka, Loyalty Roadmap и Astarta.

UN Women

Може да ви се допадне

Струмичани меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции досега
Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност
ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Таг:UN Women EXPO 2026економијапретприемништво
Претходен напис Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
Следен напис Струмичани меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции досега
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?