Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Агровести

Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството

Објавено 11/11/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија бележи одреден напредок во областа на статистиката, но Државниот завод за статистика и понатаму се соочува со недостиг од кадар и финансиски средства. Ова е една од главните забелешки во најновиот извештај на Европската комисија за Поглавје 18 – Статистика, во кој нивото на подготвеност на земјата е оценето како умерено до добро. Напредокот, според Комисијата, е постигнат главно во статистиката на пазарот на трудот и социјалната статистика, националните сметки, ажурирањето на стандардите за класификација на деловните субјекти, како и обезбедувањето дополнителни човечки и финансиски ресурси.

Сепак, препораките од минатогодишниот извештај се спроведени само делумно и во голема мера остануваат актуелни. Европската комисија бара земјата да продолжи да го зајакнува Државниот завод за статистика, да ја подобри усогласеноста со европските методологии и да ги отстрани недостатоците во објавувањето на статистичките податоци за јавните финансии. Една од најважните забелешки се однесува на пописот на земјоделството. Подготовките се во тек, но бавниот законодавен процес создава ризик пописот планиран за 2026 година да биде одложен за 2027 година.

Европската комисија препорачува што поскоро да се усвои Законот за попис на земјоделството и да се спроведе статистичката операција, со користење на веќе издвоените буџетски средства и досега преземените активности. Во буџетот за 2026 година се предвидени наменски средства за пописот, што, според извештајот, обезбедува солидна финансиска основа за негово спроведување. Но, без навремено усвојување на законската рамка, постои опасност планираните рокови да не бидат исполнети.

Иако статистичката инфраструктура е во голема мера усогласена со европското законодавство, Комисијата забележува дека Државниот завод за статистика и натаму нема доволно човечки и финансиски ресурси за целосно извршување на своите задачи. Законот за државната статистика е усогласен со принципите на Кодексот за работа на европската статистика, кој бара професионална независност, непристрасност, веродостојност, достапност и статистичка доверливост.

- Реклама -
Ad image

Доставувањето податоци до Евростат продолжило да се подобрува, особено во областа на националните сметки и социјалната статистика. Ажурирани се сериите на годишните и кварталните национални сметки, а бруто-националниот доход се пресметува според европскиот систем на сметки ЕЅА 2010. Сепак, потребни се дополнителни подобрувања во пресметувањето на даноците и социјалните придонеси на пресметковна основа, како и во статистиката за расходите на државата според нејзините функции.

Посебно внимание во извештајот е посветено на статистиката за владините финансии. Европската комисија бара да се решат отворените прашања поврзани со секторизацијата на единиците во владиниот сектор и да се пополнат недостатоците во податоците што се доставуваат во рамките на постапката за прекумерен дефицит. Потребно е и да се отстранат ознаките што го спречуваат објавувањето на статистиката за владините финансии, како и да се подобри усогласеноста на финансиските сметки и кварталните национални сметки со европските стандарди.

Од декември 2025 година, Народната банка доставува податоци за финансиските сметки и билансите на состојба до Евростат. Но, Комисијата оценува дека сè уште има простор за подобрување на комплетноста на секторските сметки и усогласувањето на финансиските и нефинансиските текови. Подобрувања се забележани и во социјалната статистика. По ревизијата на меѓупописните проценки врз основа на резултатите од пописот во 2021 година, зголемена е точноста на податоците за населението.

Подобрено е и доставувањето податоци за пазарот на трудот, приходите и условите за живот, како и за социјалната заштита. Деловната и трговската статистика продолжува редовно да се собира, но потребно е да се подобрат собирањето податоци и директното известување за меѓународната трговија со услуги и странските директни инвестиции. Статистиката за енергија и транспорт во голема мера е усогласена со барањата на ЕУ. Сепак, земјата сè уште нема доставено податоци за мобилноста на патниците до Евростат.

Во областа на животната средина, до европската статистичка служба се доставуваат податоци за сметките во шумарството, како и за монетарните и физичките сметки за животната средина.

Европската комисија издвојува три главни приоритети за во наредниот период: усвојување на Законот и спроведување на пописот на земјоделството, обезбедување доволно кадар и финансиски средства за Државниот завод за статистика и целосно подобрување на усогласеноста со Европскиот систем на сметки ЕЅА 2010. Оценката на Комисијата покажува дека земјата има напредок во усогласувањето со европските статистички стандарди, но и дека остануваат сериозни задачи за подобрување на квалитетот, достапноста и целосноста на податоците врз кои се темелат економските и државните политики.

Извор: Слободен печат

Може да ви се допадне

ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година
Малите семејни винарии – потенцијал за развој и квалитет на македонското вино
Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Таг:Државниот завод за статистикаЕвропската комисијаземјоделствотопописот
Претходен напис Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година
Следен напис ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?