Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Агровести

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет

Објавено 06/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања.

Како што појаснуваат од Асоцијацијата, активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

– Целта на системските прилагодувања е да се овозможи непречена примена на овие промени во секојдневното користење на платежните услуги. За време на спроведувањето на техничките активности, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања. Точните термини на активностите, услугите што ќе бидат опфатени и очекуваното времетраење на ограничувањата ќе бидат наведени во поединечните известувања на банките до своите клиенти – се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација. 

Оттаму ги повикуваат граѓаните и компаниите редовно да ги следат официјалните комуникациски канали на својата банка и, доколку имаат плаќања што треба да ги извршат во овој период, да ги планираат навреме, согласно објавените информации.

- Реклама -
Ad image

Посочуваат дека постојните броеви на платежните сметки не се менуваат, а приспособувањето на нејзиниот приказ и користење на сметките во ИБАН-формат во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките. 

МИА

Може да ви се допадне

Во Боговиње, 251 картичка за зелена нафта за земјоделците, во вредност од над 2 милиони денари
Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Без струја повеќе улици во Скопје
Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
Таг:банкитеплатежните трансакципрекинистандарди
Претходен напис Сочни чоколадни браунис коцки со лешници
Следен напис Во Боговиње, 251 картичка за зелена нафта за земјоделците, во вредност од над 2 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?