Мирисна рапсодија на вкусови создадена од дуњи, лимон и бадеми, споени во овој колач е вистински избор за есенските денови.
Состојки:
За тесто:
- 250 грама брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 80 грама мелени бадеми
- малку сол
- 150 грама путер
- 20 грама шеќер
- 1 јајце
- 600 грама излупени дуњи
- сок од 1 лимон
- 1 ванилин шеќер
- 80 грама шеќер
За фил:
- 2 јајца
- 80 грама шеќер
- 150 грама мелени бадеми
- сок од 1 лимон
- 40 грама листови бадеми
Подготовка:
Брашното измешајте го со прашокот за пециво и малку сол. Додадете мелен бадем, шеќер, јајце и путер. Замесете тесто и оставете го во фрижидер 30 минути. Дуњите исчистете ги, исецкајте ги на парчиња и накапете со сок од лимон.
Прелијте со вода и гответе додека не омекнат (околу 10 минути). Дуњите процедете ги и со миксер иситнете ги во пире. Измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и оладете. Потоа тестото развлечете го и ставете го во калап за пита (24 см) и премачкајте го со пирето од дуњи и 1/3 оставете.
За филот одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги во снег, а жолчките пенасто изматете ги со шеќер, додадете мелени бадеми, сок од лимон и остатокот од пирето од дуњи и снег од белки.
Смесата прелијте ја преку колачот, израмнете и посипете со листови од бадем. Колачот печете го на 180 °C околу 45 минути.
МИА

