Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
Агровести

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка

Објавено 04/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Кавадарци, каде наврнале 15 литри на метар квадратен. Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри на метар квадратен.

По 9 литри на метар квадратен се регистрирани во Штип, Попова Шапка и Велес, 8 во Битола, 6 во Претор, а по 5 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп. Во Гевгелија, Тетово и Крушево наврнале по 4 литри, во Лазарополе 3, а во Охрид 2 литри на метар квадратен.

Најниска утринска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерен еден степен, во Лазарополе и Крушево два, а во Берово и Охрид пет степени.

Температура од 6 степени е регистрирана во Прилеп, Крива Паланка, Тетово, Претор и Виница, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, 8 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Демир Капија и Велес, додека најтопло утрово било во Гевгелија со 10 степени.

- Реклама -
Ad image

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 12 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Без вода дел од општина Центар
АХВ: Пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите
СПМ информира за смена на директорот на АХВ: Нов директор е Јовица Андовски
Таг:КавадарциНајмногу дождНајстудено утровоПопова Шапка
Претходен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Следен напис Миризлив колач со бадеми и дуњи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?