Корисниците на дел од ул. „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар, ќе немаат вода поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата помеѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 8:30 часот до отстранување на дефектот.
МИА
