Моќниот и современ компактен трактор LOVOL P1025, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Тракторот LOVOL P1025 е врвен компактен и градинарски модел, специјално дизајниран за најефикасна обработка на помали и средни земјоделски површини, оранжерии, лозови и овошни насади. Поради својата мултифункционалност и достапноста на специјални тревни (ТУРФ) гуми, овој модел е совршен избор и за професионално одржување на спортски терени, голф игралишта, јавни паркови и големи зелени површини.

LOVOL P1025 поседува врвен, економичен 3-цилиндричен дизел мотор со Yanmar технологија кој ги исполнува најстрогите Stage V еколошки стандарди. Овој мотор обезбедува стабилна работа, исклучително ниска потрошувачка на гориво, максимална сигурност и прецизност при секоја операција. Синхронизираниот менувач со 8 брзини напред и 8 назад (8F+8R Synchro shift) овозможува лесно и брзо менување на насоката на движење, нудејќи одличен комфор и продуктивност на терен.

Благодарение на своите компактни димензии, тракторот LOVOL P1025 има исклучително мал радиус на вртење, што го прави совршен за маневрирање во тесни простори, меѓуреди и околу препреки на спортските терени, заштедувајќи време и зголемувајќи ја ефикасноста. Работниот простор е ергономски дизајниран со прилагодливи контроли и удобно Grammer воздушно седиште кои значително го намалуваат заморот на операторот при подолга работа.
Тракторот LOVOL P1025 доаѓа со 3 години гаранција и целосна поддршка во и вон гарантен рок во нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL P1025:
- Моќност на мотор: 25 коњски сили
- Тип на мотор: 3-цилиндричен Yanmar дизел мотор (Stage V)
- Погон: На сите 4 тркала / 4WD
- Управување: Хидрауличен волан
- Менувач: Синхронизиран (Synchro shift) / Брзини: 8 напред, 8 назад
- Кардан (PTO): Со 2 брзини: 540 и 1000 вртежи
- Хидрауличен ситема: Проток од 24 L/min со двосмерни 2 сета хидраулични излези
- Опрема: со заштитен рам (ROPS), топлинк, задна влечна кука, сет алат
- Опции за гуми:
- АГРИ: Предни 6.00-12 / Задни 8.3-20
- ТУРФ: Предни 26×7.5-12 / Задни 10.5/80-18
Тракторот LOVOL P1025 со опција можност за инсталација на фабрички преден натоварувач.

Видео со тракторот LOVOL P1025:
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и поддршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
034/523-513
075/468-397; 075/256-468; 072/261-251
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, SWM, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите ценети клиенти.

