Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушени листови од јапонско јаболко и чај од калинка – еколошкото производство како хоби во третата доба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сушени листови од јапонско јаболко и чај од калинка – еколошкото производство како хоби во третата доба
Агровести

Сушени листови од јапонско јаболко и чај од калинка – еколошкото производство како хоби во третата доба

Објавено 31/10/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од желба да го спречи пропаѓањето на еколошкиот производ во својот двор, професорот во пензија Стојан Манолев од Валандово си создал интересно хоби, да прави свои здрави преработки од јапонско јаболко. Сушени листови од овој вид јаболко и природен шеќер односно засладувач од истото овошје се двата еколошки производи, кои пензионираниот професор по физика самостојно почнал да ги прави користејќи ги своите познавања на науката.

Манолев се одлучил за јапонското јаболко, кое е доста распространето во валандовскиот крај, поради неговата специфичност да се конзумира само кога е целосно зрело, а притоа нема трајност и брзо скапува. Започнал да работи сам со приносот од дрвцата кои ги имал во својот двор, а во тоа му помогнало и семејството.


– Во периодот пред да се пензионирам размислував што ќе правам после овој едукативно – образовен процес. Како идеја или алтернатива за дополнително занимање во таа трета доба се одлучив за јапонските јаболка. Првично испитував како може да се задржат подолг период за употреба, бидејќи класичното јапонско јаболко, кое е сортата што ја имам и јас, на почетокот е со танини. Поради присуството на танини, кога го јадеме јаболкото ни предизвикува ефект на собирање на устата. Подоцна откако ќе созрее може и со лажичка да се конзумира, а директно како обично јаболко не се јаде. Затоа размислував како да го отстранам танинот и како јаболкото да има трајност на подолг период, вели Манолев.


На почетокот пробал идејата да ја реализира со апаратите кои ги имал дома, но потоа сам си создал своја апаратура.

- Реклама -
Ad image

-Варијантата со сушење на тенки ливчиња исецкани од јапонското јаболко, во услови при коишто се задржуваат сите витамини коишто ги има, од 36 до 40 степени Целзиусови, ја тестирав на мини дехидратори или сушари кои ги купив. Подоцна самостојно си направив апарат, со моите познавања на науката и физиката. На тој начин со мојот изум на дехидратор или сушара можам да произведувам поголеми количини на сушено јапонско јаболко, раскажува валандовскиот професор.

Сушеното јапонско јаболко Манолев го добива со бавна дехидрација на температура од 36 до 38 степени, а производот, како што вели не содржи додаден шеќер, ниту конзерванси, вештачки бои и адитиви. Корисен е, пред се, за реконвалесценти и дијабетичари, а во него се здржуваат природните витамини на јапонското јаболко од кои најголема е застапеноста на витаминот А, потоа Ц, Е и Б6, како и калиум, магнезиум и антиоксиданси. 

– На пазарот овој производ пројде, многумина го вкусија и останаа зачудени, како од вкусот така и од содржината на витамини која ја има што е полезно за здравјето на секој човек. Како дополнителен производ, направив и пудра или шеќер од самите сушени јапонски јаболки. Овој продукт го направив од оние парчиња што немаат посебна форма, што се скршени и навистина излезе интересен. Може да се користи како природен засладувач во чаеви, во кафе или во сутлијаш, на пример, вели Манолев, кој засега продажбата ја врши онлајн на македонскиот пазар, а се надева дека ќе добие и сертификат од Агенцијата за храна и ветеринарство за органско производство, по што производите ќе може да ги пушти и во поширока употреба.

Неодамна професорот по физика на понудата додал и нов производ, овој пат од калинка, која, како што вели е типичен екопроизвод од Валандовско од кој ништо не се фрла, па дури ни кората.

-За првпат, на овогодинешниот Фестивал на калинката во Валандово го претставив чајот од сушена кора од калинка во комбинација со цимет, а исто така правам и сушено јаболко од класичните сорти, за компот. Овој чај е корисен како антистрес производ, а по традиција се користи и за спречување на дијареа, посочува Манолев.

Во наредниот период, тој очекува поголем принос на јапонски јаболка од новиот насад од пет декари и развој на еколошкото производство.

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка
„Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела
Поради временските услови „Валандовската ракијада“ одложена за следниот викенд
Во Струмица се одржува Балканска конференција на задруги
Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ
Таг:јапонско јаболкоСушени листовихобичај од калинка
Претходен напис Поради временските услови „Валандовската ракијада“ одложена за следниот викенд
Следен напис „Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?