Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците на улиците „Стојна Стефкова“, „Јајце“ и „Ордан Чопела“ во општина Гази Баба, како и дел од улицата „Корџевска“ во Драчево, општина Кисела Вода.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа.
Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на активностите ќе бидат дел од корисниците на улиците „Призренска“ и „Кучевишка Бара“ во општина Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа.
Прекин во водоснабдувањето од 9 часот до завршување на работните активности ќе има и за дел од корисниците на улиците „Ванчо Мицков“ и „Демир Трајко“ во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок.
Од ЦУК додаваат дека прекините во снабдувањето со вода и електрична енергија се поради зафати на водоводната и електродистрибутивната мрежа.
МИА

