Продолжувам со ненајавени теренски увиди во работењето на контролните служби на Агенцијата, со цел непосредно да проверам како се спроведуваат контролите и колку темелно се утврдува фактичката состојба, информира директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева.
По реакции од земјоделци, иницирав дополнителна теренска контрола кај земјоделски субјект кој, според официјалната евиденција на Агенцијата, повеќе од 15 години не бил опфатен со теренска контрола, а не бил избран ниту во првичниот примерок за 2026 година.
При контролата, овластените контролори со GPS-мерења и преклопување со пријавените парцели во СИЗП документираа сериозни несогласувања меѓу пријавените земјоделски култури и фактичката состојба на терен.

Сакам посебно да ја истакнам професионалноста на контролорите кои ја спроведоа оваа контрола. Со темелен пристап, прецизни мерења и одговорно извршување на службените задачи покажаа како треба да изгледа една професионална теренска контрола. Ваквиот пристап заслужува признание и треба да биде стандард во работењето на сите контролни служби.

Покрај теренските контроли, Агенцијата спроведува и ЦВРС-контроли од далечина, како дополнителен механизам за проверка на пријавените земјоделски површини и култури.
Но се поставува и едно сериозно прашање: како е можно одредени корисници со години да остануваат надвор од теренските контроли?
Затоа нема да застанеме само на проверка на земјоделските површини. Ќе го преиспитаме и начинот на кој се избираат субјектите за контрола, со цел дополнително зајакнување на транспарентноста и одговорноста.

Нема субвенции за површини што не ги исполнуваат законските услови!
Нашата цел не е да ги казнуваме земјоделците, туку да ги заштитиме оние што навистина работат, вложуваат и произведуваат.
Нема привилегирани. Нема недопирливи. Правилата важат за сите!
Субвенции за реално производство. Контроли без исклучоци. Одговорност на сите нивоа!
Фејсбук статус на Даниела Иротова Лазарева

