Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираа дека во декември ќе биде објавен повик за три мерки – Мера 1, Мерка 7 и Мерка 3.
Комплетните информации околу услови, критериуми и новини ќе има кога ќе се објави официјално повикот од страна на АФПЗРР.
Во меѓувреме да се потсетиме за каква мерка станува збор, кој може да аплицира, кои се основните услови за аплицирање и колкава е висината на грантот:
Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250
вработени и годишен обрт до 50 милиони евра.
2. Задруги.
Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат
помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да
бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за
инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните
стандарди на ЕУ.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
-Преработка на млеко и млечни производи;
-Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
-Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни
култури);
– Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
– Растителни и животински масти и масла;
– Шира, вино и оцет;
– Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и
животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА
- Минималните вкупни прифатливи расходи на инвестицискиот проект изнесува 50.000
евра. - Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен
проект според оваа мерка е 50% или не повеќе од 1.500.000 евра. - Максималната вкупна финансиска поддршка за еден примател според оваа мерка не
смее да надмине 3.000.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата. - Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани
правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за
последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка
изнесува 100.000 евра.
НАПОМЕНА ЗА СИТЕ МЕРКИ: Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во
сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум)
години од денот на аплицирање.
ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
Во рамки на Мерка 3 од ИПАРД програмата може да инвестирате во:
- Набавка на нови машини и опрема
- Набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти до целосна функционалност
- Изградба или реконструкција, вклучувајќи технички надзор
- Компјутерски софтвер и софтверски лиценци
- Воведување на системи за управување во претпријатијата (ISO)
ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 50% од вкупните трошоци за:
- Опрема за прием, собирање и чување
- Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали
- Опрема за предладње, ладење и замрзнување
- Машини и опрема за производни линии/постројки за производство на храна
- Опрема за мешање, печење, пржење и оформување
- Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка
- Дробилки, преси, опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, дестилација, пастеризација и стерилизација
- Резервоари, силоси, танкови, резервоари за зреење и буриња
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување
- Опрема за полнење, пакување и етикетирање
- Опрема за преработка на месо
- Опрема за преработка на риба
- Лабораториска опрема, мебел и апарати за анализа на производот
- Опрема за производство на добиточна храна
- Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-приколки, ладилници, контејнери, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет
- Опрема за следење на квалитетот, контрола и системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција
- Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање
- CIP опрема (clean in place) и опрема за индустриско чистење на простории
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните
Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила:
- Цистерни за млеко
- Приколки за ладење
- Приколки за транспорт на живи животни
- Слатководна риба и живина и нивните производи
- Добиточна храна
- Трошоци за изградба/реконструкција на објекти

