Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентација на објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство преку Мерката 115
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Презентација на објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство преку Мерката 115
Агровести

Презентација на објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство преку Мерката 115

Објавено 23/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на работна сесија која се одржа на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, направи комплетна презентација на можностите за искористување на средствата преку објавениот оглас за Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, преку Мерката 115.

Директорката, Даниела Иротова Лазарева пред присутните ги потенцираше критериумите за подобност, потребната документација, постапката за аплицирање и практичните предизвици со кои се соочуваат земјоделките. Посебен акцент стави на можностите за развој на малите семејни бизниси и зајакнување на економската активност во руралните средини.

Посебно ја истакна улогата на АПРЗ во пренесувањето точни и навремени информации, како и во обезбедувањето стручна помош при подготовката на барањата и деловните планови.

На работната сесија за мерката 115 се обратија и Елена Новачка од Владата на Република Северна Македонија,  директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски.

- Реклама -
Ad image

Тие пак, ја истакнаа потребата од координирана соработка меѓу институциите и советодавните служби, со цел подобро искористување на достапните мерки за поддршка и олеснување на пристапот на жените до финансиските можности за развој на нивните земјоделски стопанства.

Во рамки на сесијата беше нагласена и важноста од запознавање на жените земјоделки со условите за регистрација и евидентирање во соодветните регистри на АХВ, како и со барањата што треба да ги исполнат операторите со храна и носителите на активности во сточарските фарми.

Целта на работната средба беше подобро информирање на советодавците кои непосредно работат со жените земјоделки, разјаснување на условите и критериумите за аплицирање, потребната документација и постапките за користење на поддршката, како и намалување на административните пропусти при поднесувањето на барањата.

АФПЗРР

Може да ви се допадне

Истражување: Топлотниот бран во летото одзеде повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
АХВ учествуваше на работна сесија за унапредување на поддршката за жените земјоделки преку Мерката 115
„Есенско пазарче“ во кумановско Ново Село со локални производи и традиционални вкусови
Николоски: Мора да ги развиваме двата паневропски коридора, тие носат економска, но и политичка стабилност
Таг:женски членМерката 115Поддршкапрезентација
Претходен напис Истражување: Топлотниот бран во летото одзеде повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра
Следен напис УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?