Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска поканета во Управувачкиот комитет на нова европска мрежа за климатски прашања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска поканета во Управувачкиот комитет на нова европска мрежа за климатски прашања
Агровести

Божиновска поканета во Управувачкиот комитет на нова европска мрежа за климатски прашања

Објавено 13/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска утре во Брисел ќе присуствува на основачкиот собир на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања и на првиот лидерски дијалог на новата европска платформа. 

Таа е поканета да стане членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери, а поканата е упатена од претседателката и основачка на организацијата „Жени политички лидери“ (Women Political Leaders – WPL), Силвана Кох-Мерин.

– Во неа се истакнува работата на Божиновска за унапредување на енергетската транзиција, зајакнување на енергетската сигурност и диверзификација, развој на обновливите извори и регионална енергетска соработка. Организаторот го посочува и нејзиното искуство во јавните политики и на меѓународните енергетски пазари како значаен придонес за идната работа на комитетот, информира Министерството за енергетика.

Управувачкиот комитет ќе ја определува стратешката насока на Мрежата, ќе учествува во утврдувањето на нејзините приоритети и годишната агенда и ќе придонесува во дијалозите на високо ниво.

– Поканата за ова тело отвора можност македонските искуства и приоритети да бидат вклучени уште при обликувањето на новата иницијатива –  велат од Министерството.

Мрежата е основана од WPL, под покровителство на принцезата Мари-Есмералда од Белгија, и е развиена во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка.

Партнерството ги поврзува носителите на јавни одлуки со експертизата, финансиските инструменти и инвестицискиот капацитет на приватниот сектор, со цел побрза реализација на климатските и инфраструктурните приоритети.

На собирот е потврдено учеството на принцезата Мари-Есмералда, европската комесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија, Џесика Росвал, и министерката за туризам на Грција, Олга Кефалогијани, која е една од основачките ко-раководителки на Управувачкиот комитет.

Разговорите ќе бидат посветени на чистата електрична енергија, отпорноста на инфраструктурата и соработката меѓу јавниот и приватниот сектор. Ќе се разгледува и улогата на дигиталните технологии и одговорната примена на вештачката интелигенција во поддршката на климатската транзиција. Целта е размената на искуства да придонесе за практични препораки, подобри политики и мобилизирање инвестиции.

Според концептот на иницијативата, основачката група е предвидено да опфати околу 20 до 30 жени на високи политички и јавни функции, со фокус на Европската Унија и со пошироко европско учество.

 – За Македонија, вклучувањето во оваа соработка отвора простор за партнерства во енергетиката и за непосредна размена со европските носители на одлуки за посигурен, поотпорен и поодржлив енергетски систем – посочува Министерството за енергетика. 

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Wine Vision by Open Balkan“ во Белград
Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
Заменик-министерот Хоџа ја посети фармата на семејството Нухија во Гургурница, со 900 овци и сертифицирано органско производство
Саем на вино, храна и ракија „Wine Vision by Open Balkan“
Водата во Скопје безбедна за пиење
Таг:Божиновскаевропска мрежаклиматски прашања
Претходен напис Објавен вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка С. Македонија – Албанија 2021-2027
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?