Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, присуствуваше на официјалното отворање на меѓународниот саем на вино, храна и ракија „Wine Vision by Open Balkan“, кој се одржа од 10 до 12 октомври во Белград, Република Србија. На годинешното издание своите производи ги претставија над 80 изложувачи од Македонија.
Министерот Серафимовски, заедно со Драган Гламочиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, и други министри од српската Влада, посети повеќе штандови, меѓу кои и штандовите на дел од македонските изложувачи.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги покрива трошоците за изложбениот простор на македонските винарии и дестилерии. Со оваа поддршка, тие имаа можност својата понуда да ја претстават пред сомелиери, енолози и познавачи на виното од регионот, а со дистрибутери присутни на европските пазари да разговараат и за можности за соработка и пласман на своите производи.


Министерот Серафимовски присуствуваше и на отворањето на манифестацијата „Food Vision“, посветена на гастрономијата и угостителството.
МЗШВ
