Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светското производство на јајца зголемено за една четвртина во последната деценија – Кина и понатаму води
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Светското производство на јајца зголемено за една четвртина во последната деценија – Кина и понатаму води
Пазари

Светското производство на јајца зголемено за една четвртина во последната деценија – Кина и понатаму води

Објавено 02/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најновите податоци покажуваат дека производството на јајца во светот е зголемено за 24% во последните 10 години и дека во светот се произведуваат 76,7 милиони тони јајца годишно.

Глобалното производство на јајца и понатаму бележи значителен раст и тоа дури 24% во последната деценија. Според податоците на Организацијата за земјоделство и храна (FAO), вкупното производство на овој производ од животинско потекло пораснало за 61,7 милиони тони во 2008  година, на 76,7 милиони тони во 2018.

Кина и понатаму е водечка земја за производствона јаца

Кина и понатаму е водечка земја во производството со 466 милијарди јајца во 2018 година, со што опфаќа 34% од глобалниот пазар. Па така, светското производство на јајца се зголемило за скоро една четвртина во последната деценија.

Таа е најголем светски производител на јајца во последните 30 години, а студијата објавена во септември 2018 година покажува дека клучни причини за тоа се брзиот економски раст, подобрените синџири за снабдување и поволните цени. После Кина следуваат Европската унија, САД и Индија кои заедно произведуваат 60% од овој производ. Остатокот од 16% го сочинуваат Мексико, Бразил, Русија, Јапонија, Индонезија и Турција.

Кој јаде најмногу, а кој најмалку јајца?

Нивоата на потрошувачка и понатаму покажува големи разлики помеѓу земјите, изјавил економскиот аналитичар од Меѓународната комисија за јајца (IEC) Петер Ван Хорн, кој вели дека просечната потрошувачка по лице базирана на светската популација во 2018 година изнесувала 7,6 милијарди јајца, односно 161 јајце по лице годишно.

Меѓутоа нивните податоци за 2018 година укажуваат на разлика во високата потрошувачка на јајца во Мексико(368) и Јапонија (337) и помала во Јужна Африка (130). Аналитичарот напоменува дека постојат разлики и во цела ЕУ, каде просечната потрошувачка била 210 јајца по лице годишно.

Интересно е и дека земјите со големо производство многу се разликуваат во консумацијата. Така во Кина едно лице троши во просек 255 јајца годишно додека во Индија таа бројка е само 76. Понатаму, шпанските потрошувачи изеле 73 јајца а Данците 248, додека полските и португалсите државјани во текот на годината јадат само 145 јајца.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија
(ВИДЕО) ТУРКАНИЦИ И СТАМПЕДО ЗА ЈАЈЦА ВО ВЕЛЕС: Бесплатната поделба излезе од контрола – интервенираше полицијата!
Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
Сребрени јајца за Велигден: Трик што ги излуди домаќинките – брзо и лесно
Кина очекува поплави и суша во 2026 година
Таг:зголемено производствојајцакинапотрошувачкапроизводство на јајца
Претходен напис Во куќата на Јусуповиќ секоја ноќ им доаѓа лисица – „Гледа телевизија со нас и си игра со мачките“
Следен напис Дали светот наскоро ќе остане без банани? Панамска болест ги уништува плантажите ширум светот – научниците бараат лек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?