Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раниот есенски мраз ризик за земјоделството – да се соберат дозреаните плодови на отворено и навреме да се преземат превентивни мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раниот есенски мраз ризик за земјоделството – да се соберат дозреаните плодови на отворено и навреме да се преземат превентивни мерки
Агровести

Раниот есенски мраз ризик за земјоделството – да се соберат дозреаните плодови на отворено и навреме да се преземат превентивни мерки

Објавено 08/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изразените температурни разлики меѓу денот и ноќта, оосбено во септември и октомври, носат ризик од појава на рани есенски мразеви. Иако се генерално со помал интензитет и предизвикуваат помала штета во споредба со доцните пролетни мразеви, сепак можат сериозно да ги оштетат доматите, пиперките и краставиците кај кои сè уште има плодови на отворено, но на удар се и несобраното овошје, како и лозовите насади, предупредуваат агрометеоролозите.

Тие апелираат, земјоделците да ги соберат сите дозреани плодови на отворено и навреме да ги преземат превентивните агротехнички мерки.

-Во градинарството на почетокот на овој месец се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се врши берба на плодовите. Во лозарството се берат некои касни сорти на десертно грозје. Кај поледелските култури почнува сеидбата на пченицата и јачменот. Времето на сеидбата има големо значење, бидејќи директно влијае врз времето на поникнувањето, презимувањето на растенијата, но и врз приносот. Некои сорти се сеат порано, некои подоцна. Температурните услови се тие што диктираат кога треба да се засеат сортите во одреден регион. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, примена на правилни сорти, велат  агрометеоролозите од УХМР.

Потсетуваат дека, според прогнозата, утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

-Минималната температура овие денови ќе се движи во интервал од -2 до 10 степени, а максималната од 17 до 27. Токму овие изразени температурни разлики меѓу денот и ноќта во раните есенски месеци, обично во септември и октомври, носат ризик од појава на рани есенски мразеви во раните утрински часови. За да го заштитат својот род од утринскиот студ, земјоделските производители треба најпрво да ги соберат сите дозреани плодови на отворено. Дополнително, за преостанатите култури е потребно навремено преземање соодветни превентивни мерки, објаснуваат агрометеоролозите.

Се препорачува, додаваат, покривање на растенијата со агротекстил (агрил фолија), како и мулчирање на почвата.

-Поставувањето дебел слој од слама, суви лисја или кора од дрво околу кореновиот систем е одлично решение за да се задржи топлината во земјата. Како ефикасен метод во критичните ноќни и рани утрински часови се советува и навремено наводнување на културите преку системи за прскање и оросување, укажуваат агрометеоролозите од УХМР. 

УХМР

Може да ви се допадне

Усвоени регионалните планови за заштита на биолошката разновидност и обнова на екосистемите на Западен Балкан до 2030 година
Сточарско семејство во болка се прости од овците: „28 години гледано со срце и душа… денеска им пресудија“
Активни пожари кај Дебар, Липково, Чашка
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Франција поради жештините и сушите очекува најниско производство на вино во овој век
Таг:есенски мразземјоделствотоплодовиРаниот
Претходен напис Сточарско семејство во болка се прости од овците: „28 години гледано со срце и душа… денеска им пресудија“
Следен напис Усвоени регионалните планови за заштита на биолошката разновидност и обнова на екосистемите на Западен Балкан до 2030 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?