Полнети лигњи, брзо, едноставно, меко, убаво, за сите оние што сакаат…
Состојки:
- 4 парчиња исчистени лигњи
- 1 поголем кромид
- 2 лажици лебни трошки
- 100 мл бело вино
- 2 лажици крем сирење
- 4 чешниња лук
Подготовка:
Лигњите (најдобро големи лигњи) исчистете ако не се чисти, измијте ги, а рачињата и перките ситно исеcкајте ги на коцки. Еден поголем кромид ситно исецкајте го и пропржете до златно жолта боја на малку маслиново масло, додадете ги исецканите делови на лигњите и кратко пропржете неколку минути. Зачинете по вкус, прстофат сол, мешавина од зачини, бибер, сецкан рузмарин, како кој сака. Додадете крем сирење, малку вода и кога ќе зоврие, додадете лебни трошки за да се згусне.
Наполнете ги лигњите и затворете ги врвовите со чепкалка. Лигњите ставете ги во подлабок плех, прелијте со маслиново масло, додадете гранче рузмарин, неколку чешниња лук и ставете во загреана печка на 200 степени 20 минути. По 20 минути, извадете ги лигњите, додадете бело вино и вратете во шпорет околу 10 минути за да испари алкохолот и сосот да се згусне.
Лигњите прелијте ги со сосот и превртувајте ги неколку пати уште 10 минути. Јадењето е готово!
МИА
