Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Скопје воведен настан за претставување на ЕКСПО 2027 Белград, Македонскиот павилјон ќе настапи под мотото „Сите ритми на сонцето“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Скопје воведен настан за претставување на ЕКСПО 2027 Белград, Македонскиот павилјон ќе настапи под мотото „Сите ритми на сонцето“
Агровести

Во Скопје воведен настан за претставување на ЕКСПО 2027 Белград, Македонскиот павилјон ќе настапи под мотото „Сите ритми на сонцето“

Објавено 05/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отворен ден на кој ќе бидат презентирани можностите за учество и соработка ќе се одржи в четврток во организација на  ЕКСПО 2027 Белград, во соработка со Македонскиот павилјон – „Сите ритми на сонцето“ („All Rhythms of the Sun“).

Првиот воведен настан, посветен на претставувањето на проектот ЕКСПО 2027 Белград, на кој ќе бидат презентирани визијата на претстојната специјализирана изложба, можностите за соработка и вмрежување, како и перспективите што ЕКСПО ги нуди во повеќе области ќе се одржи во четврток во Јавна соба, во периодот од 12:00 до 15:00 часот. 

Директорот на ЕКСПО 2027 Белград Данило Јериниќ ќе го отвори настанот со поздравно обраќање и претставување на промотивното видео.

Потоа следува сесијата „Како да учествувате на ЕКСПО 2027 преку програми“, на која ќе бидат претставени можностите во рамки на програмата за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери. За програмата и содржината ќе говори Марина Пејовиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што е предвидена сесија со прашања и одговори.

Следува сесијата „ЕКСПО 2027 како деловна платформа“, посветена на поврзувањето на глобалните економии и развивањето нови партнерства. Презентацијата ќе ја има Оливера Ковачевиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што ќе следува сесија со прашања и одговори.

Во 13:30 часот ќе биде претставено промотивното видео за Македонија, видео на повеќе јазици со кое се промовира македонскиот винарски сектор.

Следува презентација за туристичкиот сектор, односно за излезниот туризам, проследена со вмрежување. На сесијата ќе учествуваат тимот на ЕКСПО, туристички институции и даватели на услуги за влезен туризам, македонски агенции за излезен туризам и други учесници.

Во пресрет на настанот претходно во 10:00 часот е предвидена неформална средба со претставници на ЕКСПО, на која медиумските претставници ќе имаат можност за директна средба, како и интервју со Данило Јериниќ, директор на ЕКСПО 2027 Белград.

По неформалната средба следува прес-конференција на која ќе се обратат директорот Јериниќ и Александар Велиновски, комесар на Македонскиот павилјон.

ЕКСПО 2027 Белград е специјализирана изложба која ќе ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор, со можности за воспоставување нови партнерства и соработка, како и за презентација на различни области, меѓу кои образованието, спортот, економијата и туризмот. 

МИА

Може да ви се допадне

Полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација ќе се одржи на 15 октомври 2026 година
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Стопанската комора ќе предложи измени на Законот за празниците поради влијанието врз економијата
Од пораз до сигурен профит: Време е за менување на навиките во земјоделството
Започна жетвата на оризот, рачно, со срп и со вршидба на гумно
Таг:БелградЕКСПО 2027Македонскиот павилјонскопје
Претходен напис Здрави колачи
Следен напис Полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација ќе се одржи на 15 октомври 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?