Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Агровести

Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

Објавено 03/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните притисоци се значително намалени во споредба со претходните години, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во интервју за телевизија Алсат-М.

Според Дурмиши, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 2,6 проценти, што, како што оцени, претставува значително пониско ниво во однос на периодите кога таа достигнувала четири проценти, а пред неколку години и меѓу осум и 10 проценти.

Министерот истакна дека мерките преземени од Владата придонеле за стабилизирање на состојбите и ублажување на ценовните притисоци.

Осврнувајќи се на состојбите во јавните финансии, Дурмиши рече дека буџетот е стабилен и дека до крајот на годината ќе продолжи редовната исплата на платите во јавниот сектор и на пензиите.

Во интервјуто тој зборува за односот меѓу минималната плата и трошоците за живот, наведувајќи дека во изминатите две години нето минималната плата бележи поголем раст од трошоците за храна и пијалаци. Според неговите податоци, нето минималната плата е зголемена за околу 4.000 денари, додека трошоците за храна и пијалаци се зголемиле за нешто повеќе од 3.000 денари.

МИА

Може да ви се допадне

Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на глобално ниво
„Жито Полог“ АД Тетово објави повик до своите акционери да се изјаснат дали сакаат да преземат удели во друштвото
Фестивал на биодиверзитет „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ во Градскиот парк во Скопје
Во Скопје интернационален гастрономски фестивал „Интерфестфуд 2026“
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалскиот натпревар Македонија – Шкотска
Таг:ДурмишиИнфлацијатастабилизирана
Претходен напис Фестивал на биодиверзитет „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ во Градскиот парк во Скопје
Следен напис „Жито Полог“ АД Тетово објави повик до своите акционери да се изјаснат дали сакаат да преземат удели во друштвото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?