Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годишен состанок на мрежата MCR2030: Соработката меѓу институциите од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годишен состанок на мрежата MCR2030: Соработката меѓу институциите од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи
Агровести

Годишен состанок на мрежата MCR2030: Соработката меѓу институциите од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи

Објавено 29/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Справувањето со кризите и намалувањето на ризиците од катастрофи бара заедничка одговорност и координиран пристап на централната и локалната власт, како и на меѓународните партнери, беше истакнато на годишниот состанок на мрежата „Making Cities Resilient 2030“ (MCR2030), што се одржува во Струга во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, истакна дека соработката меѓу институциите е од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи во земјава и во поширокиот регион на Западен Балкан.

– Оваа средба претставува важна можност да ги обединиме општините, националните институции и развојните партнери, со цел да го зајакнеме нашиот заеднички пристап кон намалувањето на ризиците од катастрофи и заедничките заложби да ги преточиме во конкретни активности на локално ниво, истакна Григоријан.

Северна Македонија, посочи тој, се соочува со меѓусебно поврзани ризици – од поплави, шумски пожари, суши и екстремни временски услови, до земјотреси и свлечишта. 

- Реклама -
Ad image

– Економските последици се значителни. Проценката на Светската банка од 2024 година покажува дека Северна Македонија во период од две децении претрпела загуби од 667 милиони американски долари поради поплави и екстремни временски услови, а во следната деценија ќе бидат потребни 6,4 милијарди американски долари инвестиции за адаптација кон климатските промени. Ова ја нагласува потребата од инвестирање во превенција, подготвеност и отпорност- рече Григоријан.

Во рамките на состанокот тој посочи дека ќе се спојат искуствата на општините со националните приоритети и ќе ги идентификуваат областите за натамошна соработка. 

– Со поддршка на општините во проценката на ризиците, идентификувањето на приоритетите и развивањето локални стратегии за отпорност, иницијативата обезбедува практичен пат за претворање на знаењето за ризиците во подобри одлуки за планирање и инвестирање- истакна Григоријан.

УНДП, нагласи, останува целосно посветена на соработката со Владата, општините и сите партнери во насока на зајакнување на управувањето со ризиците од катастрофи и градење поотпорни и поинклузивни заедници низ Северна Македонија.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али изрази убедување дека состанокот ќе придонесе за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и утврдување конкретни чекори кон побезбедни заедници.

– Соочувањето со современите ризици и предизвици бара заеднички пристап, навремена подготовка и силна меѓуинституционална соработка. Во таа насока, ЦУК останува посветен на унапредувањето на координацијата и превенцијата во кризни состојби- истакна Али.

Годишниот состанок на мрежата „Making Cities Resilient 2030“ (MCR2030) се организира во рамките на проектот „Зајакнување на прекуграничната соработка и капацитетите за намалување на ризици од катастрофи и системи за рано предупредување во Западен Балкан“ во рамки на иницијативата „Отпорен Западен Балкан“.

МИА

Може да ви се допадне

Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Таг:MCR2030Годишен состанокинституциитекатастрофи
Претходен напис АФПЗРР: Договор за соработка со ЈУ НП „Пелистер“
Следен напис Денеска не очекува променливо време со ниски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?