Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АНАЛИЗА: Попис на земјоделството,  втор во независна држава, го губиме изворот на храна?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АНАЛИЗА: Попис на земјоделството,  втор во независна држава, го губиме изворот на храна?
Агровести

АНАЛИЗА: Попис на земјоделството,  втор во независна држава, го губиме изворот на храна?

Објавено 29/09/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Следната година Попис на земјоделство, прв пат по 20 години од последниот што беше спроведен во 2007 та. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства,  фирми од секторот земјоделство. земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. Дел од експертите велат дека оваа операција мора да биде спроведена транспарентно за да донесе веродостојни податоци.

Дел од земјоделските гранки во пад, пописот важен за  вистинската слика

На годишно ниво, вредноста на дел од земјоделските гранки кои се најзастапени е во пад. Податоците што ги обработи  “Порталб” од базата на Заводот за статистика покажуваат дека во оваа група се “житното производство” кое во 2024 та имало вредност од 106 000 000 евра и кај “добиток” каде вредноста  изнесувала 119 300 000 евра.  Вредноста на производството на индустриски, фуражни и градинарски култури е зголемена. Според земјоделците, овој пораст е резултат меѓу другото и на растечкиот тренд на цените во 2024 та и на зголемените површини со тие култури.

Што ќе значи Пописот на земјоделството кое учествува со скоро 6% во вкупниот БДП на државата? Според луѓето од овој сектор, пребројувањето е важно бидејќи треба да даде целосна слика за состојбата, да резултира со база за креирање на реални и одржливи мерки за земјоделството – вели за “Порталб” агрономот и земјоделец Ристо Велков.

“На ниво на државата не е направена “Педолошка анализа” што значи стручно испитување на почвата за да се знае која култура во која почва може да се сади. Пописот е многу важна операција која ќе опфати меѓу другото и пребројување на  добитокот и на обработливите површини. Пописот ќе треба да даде одговор за сточниот фонд, за земјоделското производство, евиденција и за лозарството и за градинарство. Дел од овие податоци треба да се познати и преку бројките за доделени субвенции. Важно ќе биде процесот да е транспарентен” – вели Велков.

Во нацрт-законското решение се прецизира дека со пописот нема да  бидат опфатени само домаќинствата со куќни градини.

“Ќе се прибираат податоци за земјоделското стопанство, за органското производство, за работна сила, за добитокот и добиточното производство, наводнувањето и ѓубрењето на земјиштето, механизацијата и опремата и  користените мерки за рурален развој” – се наведува во текстот.

Субвениции и откуп

Во моментов според земјоделците, дел од гранките се во постојан пад а еден од главните проблеми со кои се соочуваат е нередовната исплата на субвенциите.

” На ниво на државата има околу 530 000 хектари обработлива површина, но колку од тоа навистина се обработува .. Се соочуваме со пад во одредени култури. Најважно е однапред да се знаат откупните цени и да има откупни дистрибутивни центри кои беа ветувани. Важна е и навремената исплата на субвенции што е регулирана со закон, до до крајот на тековната година освен за дел од градинарите и сточарите” – објаснува Велков.

Според последните достапни податоци од Заводот за статистика, во вториот квартал од годинава во споредба со истиот лани, откупот од индивидуалните земјоделци е намален за 15,1% додека продажбата од сопствено производство е зголемена за 15,7%. Според структурата, пораст има кај секторите “риба” и “алкохолни пијалаци” додека пад е регистриран во сточарството, овоштарството и лозарството.

Што точно се случува во земјоделството – треба да покаже Пописот за кој треба да се обезбедат и финансии. Во предложениот законски текст не се прецизира колку ќе чини операцијата.

“Спроведувањето на Пописот на земјоделството во 2027 година ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот за тековната година во која треба да се спроведе но и за годината по Пописот, за обработка на податоците”  – се наведува во предложениот текст и се нотира дека пописи на земјоделството се спроведени во 1960, 1969 и 2007 година.

Според временската рамка, Пописот ќе се спроведе во периодот од 01 октомври до 30 ноември 2027 година во траење од 30 денови.

Може да ви се допадне

АФПЗРР: Договор за соработка со ЈУ НП „Пелистер“
Хоџа во Ресен: Средби со производителите, откупувачите и преработувачите на јаболка
АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар
Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Таг:анализаземјоделствотоизворотПописхрана
Претходен напис Хоџа во Ресен: Средби со производителите, откупувачите и преработувачите на јаболка
Следен напис АФПЗРР: Договор за соработка со ЈУ НП „Пелистер“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?