Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар
Агровести

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Објавено 29/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Хоџа во Ресен: Средби со производителите, откупувачите и преработувачите на јаболка
Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа
Таг:ахвБит пазарвонредна инспекциска контрола
Претходен напис Повеќе од 600 граѓани го следат првиот бесплатен вебинар на ВЕЗИЛКА за вовед во вештачка интелегенција
Следен напис Хоџа во Ресен: Средби со производителите, откупувачите и преработувачите на јаболка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?